Анастасија Ражнатовиќ објави моменти од бременоста што ја криеше и прва фотка со бебенцето
- Детали
- среда, 22 јули 2026
Една недела откако се породи, Анастасија објави труднички фотки – со сопругот го галат стомачето пред пред породување, изгледа прекрасно, дотерана и средена, а сподели и прва фотка од бебето – како со рачето ѝ го допира крстот.

Анастасија Ражнатовиќ успешно ја сокри бременоста од јавност цели 9 месеци и тајно се породи на 15 јули.
Нејзиниот сопруг, Немања Гудељ, ја сподели среќната вест еден ден подоцна, а цело негово семејство било покрај неа за цело време.
Една недела по породувањето, Анастасија прво сподели видео на кое се гледа како сестрата на Немања ѝ помага со бебето.
Освен тоа, среќната мајка сега објави и повеќе фотографии за време на бременоста која ја чуваше во тајност.
На фотките се гледа дека таа уживала во бременоста, дотерана и средена, а позираат со саканиот додека го држат стомачето.

На последната фотка, таа го покажа рачето на синчето кое го допира нејзиниот крст, а во описот напиша: „Фала ти Исусе“.

Повеќе фотки:







М. М. | Црнобело