Силно невреме и ветришта и во Албанија – има двајца загинати, откорнати дрвја и уништени автомобили (видео)

Од бурата и силниот ветер што беснееше низ Македонија, беа зафатени Босна, но и Албанија – Саранда и околината беа погодени од ветришта кои откорнаа цели дрвја, оштетија автомобили, рибар бил пронајден мртов во море кај Ксамил, а загинал и електричар кој поправал дефект од бурата.

silno-nevreme-i-vetrishta-i-vo-albanija-ima-dvajca-zaginati-otkornati-drvja-i-unishteni-avtomobili-01.jpg

Пред два дена Македонија беше погодена од силно невреме, со екстремно јаки ветрови чија брзина достигна ниво на ураган, до 134km/h.

Бурата предизвика големи материјални штети низ повеќе наши градови, беа откорнати и паднати дрвја, оштетени автомобили, излетаа цели кровови, а имаше и неколку повредени.

Невреме косеше и низ Босна, но и низ Албанија, каде неколку крајбрежни региони, но и делови од внатрешноста на земјата, беа погодени.

silno-nevreme-i-vetrishta-i-vo-albanija-ima-dvajca-zaginati-otkornati-drvja-i-unishteni-avtomobili_copy.jpg

Во Саранда и околината, беа предизвикани повеќе материјални штети, патиштата беа блокирани, а силниот ветер и таму откорнал дрвја кои оштетиле повеќе автомобили, иако бурата траела кратко време, исто како кај нас.

Освен неколку повредени, кои претежно биле исечени од скршено стакло, за жал во бурата има и две жртви, како што пренесува AlbanianDailyNews

61-годишен рибар бил пронајден мртов во морето во околината на островот Ксамил, за кој се верува дека бил превртен заради разбеснетото море среде невремето, но сепак случајот се истражува.

Животот го загубил и 54-годишен електричар, кој бил вработен во електроенергетска компанија, додека поправал дефект во електричната мрежа во регионот Химара, откако невремето предизвика прекин на електрична енергија.

На страницата на Ксамил Албанија на Фејсбук, вчера споделија објава од сончево време и напишаа дека по бурата од претходната ноќ, сè функционира нормално и ги очекуваат туристите на плажа. 

silno-nevreme-i-vetrishta-i-vo-albanija-ima-dvajca-zaginati-otkornati-drvja-i-unishteni-avtomobili--.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Мапа покажува каде се појавувала отровната „риба-зајак“ во Грција (и каде би можела да се појави лет... Отровната риба-зајак почнала да се појавува во водите на Грција околу 2003 годин...
„Данило ме изневери, се иселив од дома пред несреќата“ - Наташа Беквалац по 14 години искрено за раз... „Мојот брак со Данило заврши пред неговата несреќа. Во моментот кога му се случи...
Жена била касната од отровната „риба-зајак“ во Пефкохори: „Влегов во водата и почувствував силна, не... Жена во Грција била касната од таканаречената отровна риба пуфер позната и како ...

Најчитани неделава