„И во вечноста ќе бидете прегрнати“ – Сергеј Четковиќ со емотивна објава откако ги изгуби двајцата родители во една недела

„Мамо, знаев дека тато нема да те остави сама на последната прошетка. Сега, драг тато, вози ја последната трка, знаејќи дека таа те чека на последната кривина, да влезете на рајската порта“ - емотивна објава на Сергеј Четковиќ, кој во период од една недела ги изгуби и двајцата родители.

i-vo-vechnosta-kje-bidete-pregrnati-sergej-chetkovikj-so-emotivna-objava-otkako-gi-izgubi-dvajcata-roditeli-vo-edna-nedela001.jpg

Неполна недела откако ја погреба мајка си на својот роденден, познатиот пејач Сергеј Четковиќ остана и без неговиот татко. 

Поради корона вирусот, познатиот пејач Сергеј Четковиќ ги изгуби двајцата родители, и тоа во период од само една недела. Српските медиуми пренесуваат дека неговата мајка починала од корона вирусот на 7-ми март, а неговиот татко ја изгубил битката со вирусот само една недела подоцна.

После трагедијата, пејачот се збогува од родителите со емотивна објава на Инстаграм. Тој сподели црно-бела фотографија од неговите родители, а текстот во објавата нема да ве остави рамнодушни:

„Колку човек и да пробува да се подготви, колку и да е силен, за некои работи не можеш да се подготвиш. Мислиш дека ќе биде доволно да земеш воздух и да го држиш што е можно подолго за да ја избегнеш болката, но не. Не поминува! Боли и боли и боли…

Ми велат дека сè ќе биде добро, дека тоа е процес, како и самиот живот…

Во оној миг кога ќе се разделиш со своите родители ја сфаќаш таа болна и студена вистина. Дека веќе не си дете. Ги нема повеќе оние родителски грижи, вознемиреност, радости, несебична љубов…
Ги нема повеќе онаа која ме донесе на овој свет и оној кој ме сакаше, ме бранеше и ме учеше во животот.

Драга мајко, иако нè напушти прва, изненадно и без најава, знаев дека нема да те остави да одиш сама. Сепак, вашите души предолго беа поврзани на овој свет, за да дозволи да одиш сама на последната прошетка.

Како што пред 50 години сте се заколнале на љубов и дека ќе бидете заедно додека смртта не ве раздели, овојпат вие ја победивте и самата смрт. Одлучивте и во вечноста да бидете прегрнати.

Ви благодарам што денес плачеме за вашата добрина, несебична љубов, што сме тажни бидејќи ве нема, а среќни што имавме такви родители и што ни оставивте толку убави спомени.

Сега, вози драг тато. Вози ја својата последна трка, собори го твојот последен рекорд, знаејќи дека таа те чека на последната кривина, за заедно, насмевнати да влезете во рајската порта.

Нека ангелите ве чуваат под нивните крилја и Бог нека ве прими во неговото небесно царство.

Нека ви е вечна слава и фала. Вашите синови Игор, Сергеј и Срѓан.

Сергеј ја погреба мајка си Драгица на 8-ми март - денот на неговиот роденден. Таа беше фармацевт, а таткото на Сергеј, Слободан, беше познат рели возач и шампион во Југославија.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...

Најчитани неделава