Тежеше дури 100 kg и успеа да се преполови – кои се тајните за слабеење на Ана Николиќ? (фото)

Српската пејачка Ана Николиќ има 42 години, а изгледа подобро од кога било. Во изминатите неколку години таа помина низ огромна физичка трансформација, а откако успеа да го симне вишокот на килограми Ана изгледа како во најдобрите денови од својата кариера – кога го испеа големиот хит Ромале, Ромали во 2006 година на Беовизија.

Koi-se-tajnite-za-slabeenje-na-Ana-Nikolic-01.jpg

Но, промената не се случи преку ноќ. Ана ја започна борбата со вишокот килограми уште пред 4 години, а на нејзиното лице се отсликуваше несигурноста и незадоволството поради физичкиот изглед.

Во моментот кога отишла да се породи со својата ќерка Тара, тежината на Ана достигнала 100 килограми. Бидејќи по породувањето килограмите се симнувале мошне бавно, таа ги презела работите во свои раце.

Со многу силна волја и мотивација, Ана се посветила на својот изглед и килограмите полека почнале да се топат. Резултатот – минус 50 kg симнати со помош на редовни тренинзи, строг режим на исхрана и таблети за слабеење.

„Која е мојата тајна за слабеење? Најбитното нешто е внесот на течности. Имам своја утринска рутина. Веднаш по будењето пијам 2 чаши вода. Некогаш со цеден лимон, а некогаш без. По тоа следува појадокот, честопати тоа се јајца „на око“ со домат или некој друг зеленчук. Некогаш може да појадувам и свежа салата или пак овесни снегулки.

За ручек јадам пилешко месо или риба со зеленчук на пареа. Целосно ги исфрлив jаглените хидрати (белото брашно) и гледам да внесувам од 1000 до 1200 калории дневно. Целосно се одреков од јадењето слатки. Месо исто така не јадам, освен пилешко и риба. Доколку ми падне шеќерот, си дозволувам 1 лажичка Нутела и си замислувам дека сум ја изела целата тегла. Симнувањето на вишокот килограми е работа на умот“.

„Човек мора цврсто да одлучи дека сака нешто да смени кај себеси и со самото тоа ќе успее. Првиот месец е тежок, потоа човек се навикнува. Со помош на таблетите за слабеење не чувствував глад и немав потреба од вечера. Доколку почувствував глад во доцните часови ќе каснев малку зеленчук. Морков, краставица или само зелена салата. Колку помалку сол, толку подобро. Пијам од 2-3 литри вода дневно. Понекогаш дури и 4 литри!“

Сепак, многумина коментираат дека Ана изгледа преслабо и сметаат дека претерала со слабеењето кое изгледа нездраво, но таа очигледно ужива во својот нов изглед.

Секако, не советуваме никого да се служи со примерот за слабеење на славните, без претходно да се советува со стручно лице. 

Погледнете како изгледа денес:

(О) Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава