Бившата девојка на Саша Ковачевиќ сега има дете со друг српски музичар - како изгледа денес убавата стјуардеса? (фото)

Саша Ковачевиќ е познат како еден од најголемите заводници на српската естрада и секогаш покрај себе има прекрасни девојки. Се сеќавате ли на убавата Јована Јоциќ со која беше 4 години во врска, oд кои 2 живееја заедно и се говореше за брак – каде е и што прави денес?

bivshata-devojka-na-sasha-kovachevikj-sega-ima-dete-so-drug-srpski-muzichar-01.jpg

Убавата стјуардеса Јована Јоциќ (27) 4 години беше во врска со пејачот Саша Ковачевиќ и им беше добро позната на медиумите.

Со фотографиите од нивните патувања на егзотични дестинации убавиот пар ги полнеше насловните страници, пред да се раздели во 2017 година.

bivshata-devojka-na-sasha-kovachevikj-sega-ima-dete-so-drug-srpski-muzichar-03.jpg

bivshata-devojka-na-sasha-kovachevikj-sega-ima-dete-so-drug-srpski-muzichar-02.jpg

Како причини за разделбата наводно биле честите кавги поради работата на Јована како стјуардеса и отсутноста од дома, а парот се раздели без лоши зборови еден за друг.

bivshata-devojka-na-sasha-kovachevikj-sega-ima-dete-so-drug-srpski-muzichar-04.jpg

bivshata-devojka-na-sasha-kovachevikj-sega-ima-dete-so-drug-srpski-muzichar-05.jpg

Но, потоа таа стапи во врска со негов колега, музичарот Владан Савиќ од „Магла бенд“, а сега има и ќерка со него.

Инаку, Владан ја запроси Јована, но во интервју на шега вели дека веќе не му е свршеница, туку само девојка, затоа што запросувањето имало рок од шест месеци, а тие во тој период не направиле свадба.

Парот е вљубен и на својот Инстаграм профил Јована споделува заеднички фотографии, иако Владан не се оптоварува со тоа и вели дека животот не е социјална мрежа.

Од друга страна пак, Саша Ковачевиќ е во среќна врска со убавата црнокоса Зорана Тасовац.

Прочитајте и Се крие од јавноста, има ќерка: Мистериозната девојка на сексапилниот Саша Ковачевиќ (фото)

Јована и денес е беспрекорна убавица, како и во периодот кога се состануваше со Саша Ковачевиќ:

Повеќе фотографии од убавата Јована на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
Мима Караџиќ ја остави 35 години помладата девојка, бидејќи сакала брак - и си фати нова, атрактивна... Тој важи за вечен ерген и повторно има нова девојка млада убавица. Со бившата бе...
Љубовната приказна на Жељко и Јована Јоксимовиќ - Знаел дека е вистинската кога видел свое ЦД во неј... „Кога се запознавме, ме возеше со автомобилот и се сеќавам од љубопитност ја отв...
Девојка му нацрта патики на Јаков Јозиновиќ и го трогна со потегот - таа со солзи откако виде како и... „Ова го нацрта ти? Не е ChatGPT?“ - вели Јаков воодушевен од потегот на девојка ...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
Игор Којиќ првпат објави фотка со новата девојка - Се вљуби во 27-годишна мисица, по двата разводи Николина е двојно помлада од поранешната сопруга на Игор, Северина, која оваа го...

Најчитани неделава