Баба Милоратка (86) од Србија е Инстаграм хит со драстичната трансформација - шминката и фризурата прават чуда

„Баба ми, како и поголемиот број жени што живеат на село, не се шминка, не ја бои косата и носи марама, но тоа е жена што плени со внатрешна и надворешна убавина“ - вели внукот на баба Милоратка, кој е стилист и направи драстична трансформација во изгледот на 86-годишната баба од Србија.

baba-miloratka-86-od-srbija-e-instagram-hit-so-drastichnata-transformacija-shminkata-i-frizurata-pravat-chuda-01.jpg

Дека шминката и облеката се од огромно значење може да се види и од оваа невообичаена трансформација.

Имено, српскиот моден уметник и стилист Александар Драмиќанин на својот Инстаграм профил сподели фотографија од неговиот последен невообичаен проект.

Тој ја нашминкал неговата баба Милоратка (86), ѝ ја средил фризурата и со помош на нова облека покажа дека и таа може да изгледа како филмска дива.

Објавата на уметникот стана вистински хит на социјалните мрежи, а за него почнаа да зборуваат и оние што досега воопшто и не знаеле за неговата работа.

Како што појаснува Александар, тој минатата година за време на карантинот за првпат одлучил да ја дотера баба му, а сега повторно го повториле просецот.

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandar Dramićanin (@aleksandar_dramicanin)

„За време на карантинот минатата година за првпат ја нашминкав. Тогаш за првпат во животот ја обои и косата. Таа е баба од село, живее во Ивањица. Ја искористив пригодата да ја средам кога тоа никому не му беше достапно, само таа го имаше тој луксуз“, вели Александар.

„Баба ми, како и поголемиот број жени што живеат на село, не се шминка, не ја бои косата и носи марама. Но, тоа е жена што плени со внатрешна и надворешна убавина и така дојдов до идеја да ја средам“, открива Александар за срспките медиуми.

Драмиќанин е моден уметник кој веќе 15 години работи во Белград, а досега соработувал со голем број познати личности.

„Мојата баба! Те сакам најмногу на светот! Покрај сите преубави жени што сум ги дотерувал и натаму ти си некој што најмногу ме инспирира“ - напиша тој во описот на Инстаграм фотката.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ослабе 20kg и направи операција на градите - Како турската актерка, позната како „Шехерезад“ се врат... „Како да не си родила три деца“ – велат дел од фановите на турската актерка Берг...
„Лицето ми се парализира од силен провев“ – Србинка ја сподели својата приказна за сите што се потсм... Билјана била изложена на силен провев, па неколку дена после тоа лицето ѝ се пар...
Северина во солзи пред публиката - Не можеше да ја испее песната посветена на синот (видео) „Моја обврска, моја должност беше да станам, да се облечам, да се нашминкам, да ...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
„Девојка со крилја“: Инспиративната Србинка која е родена без раце со ангелска фотосесија го одбележ... „Заедно летаме кон нови височини, храбро и со верба во нашите соништа“ – Дејана ...
Србинка стана хит на Твитер: Објави видеа на кои се гледа како сопругот ја изневерува со вработена „Сопругот ја изневери со вработена од нивниот сплав, а таа ги објави видеата на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg