Лазар Ристовски (73) во Милано со 39 години помладата девојка - Ја фотографира во кревет, таа блеска од среќа
- Детали
- среда, 28 јануари 2026
„Милано, совршен си“, напиша актерката Аница Лазиќ на Инстаграм и сподели фотографии од патувањето во Италија со својот четири децении постар партнер.

Српскиот актерски пар, Лазар Ристовски и Даница Лазиќ, кои привлекуваат најмногу внимание поради разликата во години од скоро 4 децении, се на патување во Милано.
Иако во јавноста често коментираат дека потсетуваат на дедо и внука, се чини дека тие уживаат во љубовта, а Аница блеска покрај својот 39 години постар партнер.

Таа сподели фотки од патувањето во италијанската престолнина на модата, па се пофали и со подарок од Chanel, покажа дел од италијанските специјалитети што ги јаделе.
„Милано, совршен си“, напиша Аница на Инстаграм.
Сепак, најголемо внимание привлече фотката на која актерката е легната врз креветот во хотелската соба, насмеана и среќна, што дури и следбениците ја коментираа, па покај зборовите „последната фотографија“ ставија и емотикон срце.

Актерите често и самите се шегуваат на сметка на нивната разлика во години, па неодамна Лазар (73) објави фотка со саканата од снимање серија во Белград, и напиша дека „ќерката дошла да го види татко ѝ“.
Погледнете ги фотографиите од Милано:



