„Дојде да го види татко ѝ“ - Новата фотка на Лазар Ристовски и 39 години помладата девојка е хит на Инстаграм
- Детали
- вторник, 09 декември 2025
По бројните коментари на сметка на нивната разлика во години и дека е „доволно стар за да ѝ биде татко“, актерот реши и самиот да се пошегува на своја сметка, па сподели фотографија со саканата на Инстаграм. Ова предизвика реакција и кај мајката на Аница, Анкица Лазиќ.

Актерот Лазар Ристовски (72) и неговата сакана, актерката Аница Лазиќ, постојано се во центарот на вниманието на јавноста од моментот кога се дозна дека се во љубовна врска.
И покрај бројните коментари за разликата во години, бидејќи Ристовски е скоро 4 децении постар од Аница, парот ужива во љубовта и не реагира на озборувањата.

Но, актерот реши и самиот да се пошегува на своја сметка, па на Инстаграм сподели фотографија на која Аница е дотерана, а тој носи бањарка преку облеката и плетено капче на главата.
Фотката е направена на филмски сет, а во описот пишува:
„Дојде да го посети татко ѝ на психијатрија“.
Ова не само што ги насмеа следбениците на Ристовски на Инстаграм, туку и мајката на Аница, Анкица Лазиќ, која во коментар остави неколку емотикони од човече кое се смее со солзи.

А. Ј. | Црнобело