Интересни детали за новосадската барбика + фото докази зошто Наташа Беквалац е вистинска модна кралица

Позната под псевдонимот „новосадска барбика“, Наташа Беквалац веќе долги години претставува синоним за една од најпознатите, како и најубави пејачки на овие простори.

Interesni-detali-za-novosadskata-barbika-foto-dokazi-zoshto-Natasha-Bekvalac-e-vistinska-modna-kralica 01 630x330.jpg

Наташа е родена во Нови Сад, 25 септември 1980 година и на свои 40 години навистина изгледа неверојатно.

Во јавноста е позната и по нејзината транспарентна, љубовна биографија, односно 3-те брака и последователните разводи кои Наташа ги остави позади себе.

Од ватерполистот Данило Икодиновиќ таа ја има 14-годишната ќерка Катја, а од Лука Лазукиќ 3-годишната ќерка Хана.

Моментално Наташа е слободна, а на прашањето за нејзиниот љубовен живот во емисијата „Сценирање“, Беквалац го одговори следното:

Немам момче веќе две и пол години. Влетував од врска во врска и од брак во брак. Потребно е време за да се ресетирам и да бидам само своја. Многу товар понесов на себе, не сум комплетно добро, ми треба малку повеќе време“.

Нејзината музичка кариера е навистина обемна, располага со 6 албуми, а едни од нејзините најголеми хитови се: „Не брини“, „Мали сигнали“, „Никотин“, „Поново“, „Навика“, „Добро моје“, „Позитивна“, „Оригинал“.

Имено, Наташа запливала во музичките води уште од рана возраст, пеејќи по детски фестивали и многумина уште тогаш прогнозирале дека ќе има блескава кариера.

Во 2009 година, читателите на списанието Story ја прогласија оваа пејачка за жена на годината, додека истата година рамо до рамо во категоријата „маж на годината“ бил Новак Ѓоковиќ.

Блискоста за време на заедничкото фотографирање ги навело медиумите сѐ повеќе да поверуваат во шпекулациите за нивната наводна романса.

Interesni-detali-za-novosadskata-barbika-foto-dokazi-zoshto-Natasha-Bekvalac-e-vistinska-modna-kralica 02 630x380.jpg

Во 2012 година, по реалното шоу Survivor, Наташа започна врска со седум години помладиот модел Владимир Вуксановиќ, чија турбулентна врска се претпоставува дека завршила со вратен веренички прстен.

Атрактивниот Владимир е дел од видео записот за песната „Позитивна“.

https://www.youtube.com/watch?v=8vZ9XX5C6fg

Наташа е висока 167 см и тешка 56 кг. На своето тело има неколку тетоважи. Со ласер ја отстранила буквата „Д“ што ја посветила на нејзиниот прв сопруг.

Таа има две сестри и тоа осум години постарата Драгана и пет години помладата сестра Кристина, која е позната модна дизајнерка.

Имено, Беквалац важи за една од најдобро облечените жени на овие простори, а нејзиниот изглед најчесто е токму во рацете на нејзината помала сестра Кристина.

Во продолжение повеќе фотки кои „објаснуваат“ зошто Наташа Беквалац е вистинска модна кралица:

 

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Наташа Беквалац блеска на море во Црна Гора, без грам шминка, со сестра си - не се знае која е позго... „Можеби само ти треба поинаков воздух. Отсекогаш сонував за живот покрај море и ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава