Кој е Иван Пажанин, дечкото за кого се шпекулира дека го „украл“ срцето на Јелена Розга?

Работел на мразокршач на Антарктикот, готвел за славни личности, а се шпекулира дека е во врска со Јелена Розга – Иван Пажанин е познат хрватски готвач и миленик на женската публика.

koj-e-ivan-pazanin-deckoto-za-kogo-se-spekulira-deka-go-ukral-srceto-na-jelena-rozga-001.jpg

Според написите во медиумите од соседството, Јелена Розга (43) наводно е во врска со 7 години помладиот Иван Пажанин (36). За можната врска помеѓу познатиот хрватски готвач и пејачката веќе се говори со месеци, но засега нема никаква официјална потврда.

Хрватскиот готвач, на тамошната публика ѝ е познат по тоа што има свое кулинарско шоу Guštan … s Pažaninom, бил член на жирито во кулинарското шоу Tri, dva, jedan … kuhaj, има свој ресторан, а откако за првпат почнал да се појавува на телевизија, станал и миленик кај женската публика.

Во 2016-тата година додека бил член на жирито на хрватското кулинарско шоу Tri, dva, jedan … kuhaj, познатата хрватска пејачка Лидија Бачиќ му посветила песна. Таа на Свети Валентин на својот Инстаграм профил објавила текст што му бил посветен токму на познатиот готвач.

Пажанин до 2018-тата година бил во долгогодишна романтична врска со хрватската менаџерка Андреја Копричина. По раскинувањето на врската со Копричина, тој целосно се посветил на работата.

Во неговите биографски податоци пишува дека својата кариера како готвач почнал да ја гради уште додека бил млад, па ги поминал сите работни места во кујната – од мијач на садови до главен готвач.

На 18 години работел на мразокршач на Антарктикот. Во неколку наврати раскажувал за тоа дека имало и критични ситуации кога работел на мразокршачот.

Заедно со 15-те вработени во кујната на подот подготвувал сендвичи за посадата, додека брановите удирале од сите страни. За среќа, на ова работно место бил само седум месеци, по што заминал да работи на јахта во Монте Карло.

По ова се преселил на Хвар, каде готвел за познати личности. Пажанин станал готвач на возраст од само 22 години. Готвел за голем број славни личности, меѓу кои била и принцезата на Монако.

По неколкугодишна работа во странство, Иван се вратил во родната Хрватска, каде работеше како главен готвач во повеќе познати ресторани.

На хрватската јавност ѝ стана познат токму откако се појавил како член на жирито во кулинарското шоу Tri, dva, jedan – kuhaj.

Сепак, Пажанин деновиве е актуелен во српските и хрватските медиуми токму поради тоа што го спојуваат со познатата хрватска пејачка Јелена Розга.

Приказната дека тие двајца се во врска почна да се шири откако годинава во март Тончи Хулјиќ и Јошко Чагаљ Јоле во епизодата на кулинарското шоу Guštan … s Pažaninom изјавиле дека Розга и Пажанин би биле идеален пар.

Во емисијата, Хулјиќ изјавил дека мисли дека на Розга ѝ е време за мажење, а Јоле забележал дека и Пажанин е сингл па дека и нему наскоро би можело да му дојде време за женење.

Засега нема официјални изјави ниту од Розга, ниту од Пажанин дека се во романтична врска., но во една прилика пејачката ги демантираше ваквите пишувања.

Таа тогаш изјави дека „сè додека веста за нејзината нова љубов не ја слушнете од неа – тоа ќе биде измислена вест“.

Розга откри дека со Пажанин се познаваат долги години, па дека често одат заедно на кафе. Исто така истакнала дека и двајцата имаат долгогодишни кариери, па се научиле да се носат со озборувањата. Кога била млада некои озборувања ја погодувале, а сега ѝ влегуваат во едното, а ѝ излегуваат од другото уво.

Инаку, Розга е позната по тоа што својот приватен живот го чува во најголема тајност. Претходно, во периодот на 2011-тата година медиумите ја поврзуваа со Иван Хулјиќ, синот на Тончи. Потоа, беше во двегодишна врска со Стјепан Хаусер од 2Chellos, со кого еден период беа и верени.

Прочитајте повеќе: Посетувала балетско училиште, била верена со Стјепан Хаусер – детали од животот на извонредната Јелена Розга

По раскинувањето на врската со Хаусер во 2017-тата година, таа јавно не објавила дека е во врска со некого. Дали навистина се точни или не се точни информациите дека таа е во врска со Пажанин, останува да видиме.

Во продолжение повеќе фотографии од Пажанин:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg