„Мамо, мамо држи се“ - синот ја бодри Северина пред спуштањето по зип-лајн, на кое тој ја наговори

Хрватската пејачка Северина по одморот на Малдиви сега се врати во родната Хрватска каде ужива со синот Александар. Тие во моментов се во националниот парк Плитвички Езера каде го посетија и паркот Адреналин парк. A Северина повторно покажува дека е подготвена да се соочи со сопствените стравови кога станува збор за нејзиниот син.

Severina-kje-napravi-se-za-sinot-Aleksandar-za-nego-e-podgotvena-da-se-vozi-i-na-ziplajn-zichnica-vo-Hrvatska-01.jpg

Северина на својот Инстаграм профил објави видео на кое се гледа како се подготвува да се спушти по зип-лајн.

„Сега ќе ме видите мене. Јас не сакав да се обидам, а сега ќе одам прва“ – вели Северина во видеото, на кое може а го слушнеме и Александар како ја бодри мајка му додека го снима видеото и и вели „Мамо, мамо држи се...“

Severina-kje-napravi-se-za-sinot-Aleksandar-za-nego-e-podgotvena-da-se-vozi-i-na-ziplajn-zichnica-vo-Hrvatska-02.jpg

Во еден миг додека инструкторот ѝ објаснува како оди целиот процес и како треба да го држи телото, Северина прашува:

„Да не се превртам!“

Severina-kje-napravi-se-za-sinot-Aleksandar-za-nego-e-podgotvena-da-se-vozi-i-na-ziplajn-zichnica-vo-Hrvatska-03.jpg

Северина убавото искуство реши да го сподели со своите обожаватели на Инстаграм, а до видеото накратко напиша:

„Ти благодарам сине, што ме наговори.“

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by Severina (@severina)

Инаку Северина го роди синот Александар во бракот со Милан Поповиќ со кого подолго време водеа битка за старателство над малиот Александар.

Во 2019-тата година се случи преседан кога Северина го изгуби старателството над синот, па сега има право да го гледа само неколкупати неделно и секој втор викенд и таа одлука засега ја почитува.

Прочитајте и Северина на Малдиви без шминка, со совршени костими за капење, но и никогаш послаба (фото)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хрватска старлета обвинета дека си „направи“ дечко со AI - таа го покажа и вели: „Ме запроси“ „Се запознавме случајно. И не кријам дека бил во затвор, му подметнале дрога“, р...
По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
Синот (13) на Северина израсна во тинејџер - Уживаат на скијање во Австрија (фото) „Ние поминавме низ еден тежок животен пат, но тој сега е со мене и израсна во ед...

Најчитани неделава