Таа е една од ретките кои немаат грам пластика на себеси – српската пејачка Сара Јо е природна убавица (фото)

И покрај тоа што има изјавено дека ја поддржува естетската хирургија, односно нема ништо против ваквиот тип на хируршки зафати, Сара Јовановиќ попозната како Сара Јо, е една од ретките српски познати личности кои немаат направенo никаква корекција на себеси.

Sara-Jo-nema-gram-plastika-na-sebesi-01.jpg

27-годишната Сара е родена во Рим, а освен тоа што одлично пее, таа е талентирана и за пишување на текстови и танцување.

На сцената се појави во 2012 година како учесник во музичкото шоу „Првиот глас на Србија“, каде што го освои третото место. Следната година, како член на групата „Моје 3“, Сара ја претставува[e Србија на 58-то издание на Евровизија во Малме со песната „Љубав је свуда“, но за жал девојките не успеаја да се пласираат во финалето.

Таа е една од најголемите млади ѕвезди во подем, со дeсетици насловни страници зад себе.

Особено е популарна на Инстаграм каде што ја следат на 432 илјади луѓе, а секогаш привлекува внимание со својата најдобра другарка Дуња Јованиќ, позната српска инфлуенсерка и дизајнерка.

Двете имаат колекции на декоративна козметика со свој личен потпис за познати брендови – Дуња за Maybelline, a Сара за Catrice.

Сара има милионски прегледи на YouTube на хитовите „Немам времена за то“, „Мили мили“, „Кажи ми“, „Без сна“ и „Лава“.

Како изгледата српската убавица која нема грам пластика на себеси?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловил... Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а с...
Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...

Најчитани неделава