Весна била во брак со Оливер Драгојевиќ 50 години, за него зборува со љубов: „Кога ми ѕвони телефон, мислам дека е тој“

 „Љубов е кога засекогаш ќе недостигаш“ - напиша на социјалните мрежи сопругата на познатиот пејач Оливер Драгојевиќ. 

Soprugata-na-Oliver-Dragojevikj-po-povod-tri-godini-od-negovata-smrt-Ljubov-e-koga-zasekogash-nedostigash-01.jpg

Денес (29.07) се навршуваат три години од смртта на познатиот пејач Оливер Драгојевиќ. Во Хрватска на островот Вела Лука вечерва ќе се одржи концерт на кој познатите пејачи како Џибони, Теди Спалато, Мaрко Толја, Антонио Серано, ќе ги испејат песните на стариот „морски волк“.

Во организацијата на настаните во целост е вклучена и сопругата на починатиот музичар - Весна Драгојевиќ. Таа и Оливер биле во брак 50 години, имаат три сина, а седум внуци.

Како што изјави за Vechernji list, во моментов во подготовките се вклучени сите членови на семејството. Таа потенцира дека внуците (иако двајца од нив се родени по смртта на Оливер и не успеале да го запознаат) добро ги знаат песните на Оливер и уживаат да ги слушаат.

„Ги знаат тие добро песните на Оливер. Помалите најмногу сакаат да ја слушаат Надалина, а повозрасните сакаат други песни. Тие со задоволство се сеќаваат на нивниот дедо, живееја со него“ – вели таа за Vecernji list.

Soprugata-na-Oliver-Dragojevikj-po-povod-tri-godini-od-negovata-smrt-Ljubov-e-koga-zasekogash-nedostigash-02.jpg

Хрватскиот портал 24 sata.hr пренесува уште една изјава на Весна каде таа говори за тоа како се справува со животот по смртта на Оливер:

„Секогаш ме викаше жено, речиси никогаш не ме викаше Весна. Тешко е и денес, не одам сама на гробишта затоа што мислам дека би паднала во несвест. Кога ми ѕвони телефонот, уште помислувам дека можеби е тој“ – вели таа.

Таа по повод 3 години од смртта на нејзиниот сакан објави видео со песната Jubav moja на Оливер Дрaгојевиќ, а во описот напиша:

„Љубов е кога засекогаш ќе недостигаш“  

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...
Партнерката на Огњен Амиџиќ се пожали од него, но се пофали од свекрвата (чиј сопруг бил убиен во 19... Огњен Амиџиќ на 16 години го загуби татко си, ги презеде сите обврски дома, а се...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не... „Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Ог...
Сопругата на Тарик Филиповиќ (53) прослави роденден во Виена - тој ја снима, таа блеска (видео) Вљубениот пар славеше во отмен ресторан во Виена, Лејла изгледа децении помладо,...

Најчитани неделава