Факти за српскиот заводник Иван Босиљчиќ - продавал на пазар, во брак е со Јелена Томашевиќ

Мистичен, романтичен и заводлив... Миленик на жените во целиот регион. Во 2008 година Иван Босиљчиќ стапи во врска со Јелена Томашевиќ, парот се раздели во јуни 2009 година, а потоа во медиумите осамна дека Иван има нова девојка и го поврзуваа со уште низа други жени. Во 2011 година се смири со Јелена и се венчаа.

fakti-za-srpskiot-zavodnik-ivan-bosiljchikj-prodaval-na-pazar-vo-brak-e-so-jelena-tomashevikj-01.jpg

Висок, црн, мистичен со прекрасна насмевка... Знае да глуми, пее, рецитира поезија, па не е ниту чудно што е миленик на жените од целиот регион.

Иван Босиљчиќ е српски актер, роден 1979 година во Ужице, а најпознат е по улогите „Ranjeni orao“, „Greh njene majke“, „Nepobedivo srce“ и „Urgentni centar“. Во брак е со пејачката Јелена Томашевиќ.

Тој во последните години се пробива на рускиот пазар и ги следи стапките на Милош Биковиќ кој веќе се вбројува во најангажираните актери во Русија.

Иван има студирано глума во Нови Сад, а по дипломирањето во 2003 година се преселил во Белград.

Иван Босиљчиќ беше дел од Охридско лето и на својот Инстаграм профил напиша: „Во Македонија е секогаш посебно. Во Македонија секогаш е љубов. Драги Македонци, благословени сте затоа што го имате Охрид. Ви благодариме што го делите со нас!“

Факти за Иван Босиљчиќ:

Во една пригода изјави дека на почетокот по студиите работел физички работи, а бил и продавач на пазар. Дури по 3, 4 години почнал да добива поголеми улоги и да живее од глумата.

Во 2009 година се најде на листата на најфатални мажи во Србија, која ја направи еден српски магазин и оттогаш го следи тој имиџ.

Во 2014 година станал асистент на Академијата за уметности.

Побожен е, често посетува манастири, а бил и на поклоничко патување во Ерусалим.

Висок е 193 сантиметри и се занимавал со разни спортови.

Во 2008 година ја запознал пејачката Јелена Томашевиќ. Почнале врска токму кога таа ја претставуваше Србија на Евровизија, која се одржа во Белград.

Но, парот поради големиот медиумски притисок се раздели во јуни 2009 година, а потоа во медиумите осамна информација дека Иван има нова девојка. Потоа го поврзуваа со уште низа други жени.

Уште 5 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Српскиот тајкун Жељко Митровиќ со бизарно видео се пофали дека му пораснала цената на акциите - сурф... Тој неретко се однесува бизарно и скандалозно, а токму такво е и ова негово виде...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Чини 5 милиони евра, има 2.000 огледала - Српскиот „бог на веѓите“, кој наплаќа по 600 евра, се пофа... Самонаречениот „бог на веѓите“, Адам Адактар, кој своевремено откри дека за 600 ...
Основачот на EXIT емотивен за годишнината од смртта на сопругата, со која доби 3 деца: „Постојано е ... „Кога ме прашуваат како сум, кажувам дека со три мали деца, немам друга опција о...
Горан Иванишевиќ на суд побара бившата да му врати 2.4 милиони € - претходно одби да плаќа алиментац... „Имавме договор да ми ги врати парите, но тоа не се случи, и затоа сме тука. Дог...
Ја изневеруваше сопругата 10 години, доби син со љубовницата - Скандалозниот љубовен живот на Хари М... „Бев на лекар, а потоа заедно со сестра ми, отидов кај Хари да го информирам за ...

Најчитани неделава