Тони Цетински (52) стана дедо - неговиот 23-годишен син доби ќерка

 „Децата се сонцето на нашите животи на кое посебно мораме да обрнеме внимание во овие луди времиња“ – порача пејачот Тони Цетински во објавата со која извести дека станал дедо.

mu-se-ostvari-zhelbata-na-toni-cetinski-62-da-bide-dedo-bez-zborovi-sum-dobredojde-sonce-01.jpg

На познатиот хрватски пејач Тони Цетински (52) му се оствари желбата да стане млад дедо. Во Берлин се роди неговата прва внука, што ја доби од синот Кристијан.

„Што да кажам? Немам зборови. Децата се сонцето на нашите животи на кои посебно мораме да обрнеме внимание во овие луди времиња. Ве сака дедо Тони“ – напиша тој.

mu-se-ostvari-zhelbata-na-toni-cetinski-62-da-bide-dedo-bez-zborovi-sum-dobredojde-sonce-02.jpg

Кристијан подолго време живее и работи во Берлин. Тој е во врска со Германката Нина, за која се знае дека работи како медицинска сестра, а веќе подолго време се знаеше дека Тони наскоро ќе стане дедо.

Веста дека Нина е бремена и дека семејството Цетински ќе добие нов член Тони ја најави уште во мај месец кога на својот Инстаграм профил објави снимка од ултразвук од бебето, го откри полот и името на детето, па дури и терминот кога таа треба да се роди.

„Бог дал девет месеци. Сите тие наскоро ќе станат минато. Светот ќе се отвори со првата воздишка и ќе започне твојот пат. Те чекаме на 16.08.2021, драга наша Елена. Твојот дедо“ – напиша тогаш Тони.

Тони во минатото изјави дека неговиот син Кристијан (23) е позрел од него на истите години. Исто така во друга изјава посочи и дека отсекогаш сакал да биде млад дедо за да може да трча со внуците:

„Среќен сум и сигурен сум дека Кристијан ќе биде прекрасен татко. Тој е многу позрел од мене на тие години. Одлично му оди факултетот, сопругата му е супер“ – рече тој за хрватското издание на Story.

Инаку, Тони има две деца – синот Кристијан и ќерката Пија. Тој го доби Кристијан од бракот со Антонела Бутиган. Се знае дека е мошне близок со синот, па за неговиот 18-ти роденден објави фотографии кога го посети во Штутгарт и му ја купи гитарата што му ја ветил, а сето тоа го сподели со неговите следбеници на Инстаграм.

„Да го изненадиш синот, без да знае и да допатуваш за неговиот 18-ти роденден. Непроценливо. А сега одиме да ја купиме ветената гитара. Ако тебе сине, ова ти е најубавиот ден во животот, како што велиш, треба да знаеш дека мене ми беше најубав денот кога ти се роди. Пред 18 години на денешен ден. Среќен роденден сине. Те сака тато“ – напиша тогаш Тони.

Тони Цетински од 2014-тата година е во брак со Дубравка Цетински, а од јавноста не крие дека е мошне посветен на семејството и на најблиските. На македонската публика тој ѝ стана попознат по соработката со Тоше Проески и откако во дует ја отпеаја песната „Лагала нас мала“.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Синот на Лепа Брена и Боба ужива на јахта со родителите – се бања со татко му, позира во Позитано со... Виктор, синот на Лепа Брена и Боба, објави фотки од семејниот одмор со родителит...
Синот на Лепа Брена пече леб и спрема казан со чварки – Подготовки во луксузниот дом за славење Св. ... Малиот син на Лепа Брена и Бобо, Виктор, секогаш помага во подготовките за куќна...
Роди 4 деца, изгледа совршено – Кој е тајниот напиток за витка линија на Мирка Васиљевиќ? Низ годините повеќепати имаше гласини дека сопругот ја изневерува, последно со т...

Најчитани неделава