Марина Туцаковиќ ја загуби битката со тешката болест – Почина во 67-мата година од животот

По подолго боледување и борба со ракот, текстописецот Марина Туцаковиќ ја загуби битката и почина во 67-мата година од животот.

marina-tucakovikj-ja-zagubi-bitkata-so-teshkata-bolest-pochina-vo-67-mata-godina-od-zhivotot-01.jpg

Марина Туцаковиќ, жената која напиша некои од најпознатите хитови од српската музика, што се добро познати и на балканската и македонската публика, почина во 67-мата година од животот.

Како што јавуваат српските медиуми, веста за нејзината смрт ја потврдил и нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута.

Инаку, Марина подолго време боледуваше од рак на дојката и во изминативе денови итно беше пренесена во болница поради отежнато дишење.

Taa ќе остане запаметена како авторка што напиша поголем број песни за балкански познатите пејачки Цеца, Лепа Брена и Јелена Карлеуша.

Некои од песните што таа ги напишала и по коишто публиката ќе ја помни се: „Додирни ми колена“ од Зана, „Зора је“ на Неда Украден, „Ослони се на мене“ на Оливер Мандиќ, како и „Хајде да се волимо“ на Лепа Брена.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина таткото на Марија Шерифовиќ: „Мојата омилена бараба... Направи многу проблеми, сè му простив“ „Мојот татко. Мојата омилена бараба. Знам дека Господ сака такви и дека те чека ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Почина вдовицата на Халид Бешлиќ, 8 месеци по смртта на пејачот - Синот се прости со емотивни зборов... Со црнобела фотографија од двајцата родители, направена во болница и една од пос...
Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловил... Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а с...
Ана Севиќ се омажи за милионер, има возен парк од 400.000 евра, а сегашниот и бившиот скандалозен со... По турбулентниот брак со пејачот Дарко Лазиќ, Ана Севиќ пронајде среќа и мир пок...
Синот на Лепа Брена и Боба ужива на јахта со родителите – се бања со татко му, позира во Позитано со... Виктор, синот на Лепа Брена и Боба, објави фотки од семејниот одмор со родителит...

Најчитани неделава