Никогаш немал девојка, доби златен тастер - 27-годишен Хрват ја освои публиката на талент шоу

Со својот глас и со скромноста ја освои хрватската публика, а 27-годишниот Марко Багариќ пред да го добие златниот тастер во хрватскиот „Суперталент“ призна и дека никогаш немал девојка.

nikogash-nemal-devojka-dobi-zlaten-taster-27-godishen-hrvat-ja-osvoi-publikata-01.jpg

На хрватското шоу за таленти „Суперталент“, Марко ја изведе песната Crazy Love на Brian McKnight и со сопствените гласовни способности ги изненади и членовите на жирито, но и публиката.

Откако Јанко Поповиќ Волариќ го стисна златниот тастер со кој го стави младиот Марк директно во финалето, на лицето на младиот натпреварувач се гледаше прво шок и неверување, а потоа следеа и солзи радосници.

Погледнете го неговиот настап и моментот кога го доби златниот тастер:

Кој е младиот Хрват и што знаеме за него?

Пред да излезе на сцената 27-годишниот Марк призна дека изгледот му е мошне важен и дека тренира секој ден.

nikogash-nemal-devojka-dobi-zlaten-taster-27-godishen-hrvat-ja-osvoi-publikata-02.jpg

Тој потекнува од Херцеговина, а роден е во Берлин, сепак одлучил да ги следи неговите родители во Загреб откако тие одлучиле да заминат во пензија, затоа што не сакал да ги остави сами.

Работи во компанија за производство на алуминиумски врати, а освен што се занимава со музика, исто така игра и фудбал.

Досега учествувал во талент шоу-а во Германија, а говори дури шест јазици: хрватски, германски, англиски, шпански, француски и јапонски...

Откри дека досега никогаш немал девојка и дека тоа му паѓа мошне тешко.

Се надева дека за пет години ќе успее да формира семејство и дека ќе има успешна музичка кариера.

Вели дека во шоуто се пријавил за да ги покаже сопствените гласовни способности, но потајно се надева дека ќе најде и љубов.

Тој објавува свои видеа и на Инстаграм профилот, а меѓу нив можете да слушнете како звучи и неговата изведба на песната на Оливер Драгојевиќ „Kad mi dođeš ti“.

https://www.instagram.com/tv/CTemCpwDFe9/?utm_source=ig_web_copy_link

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Мима Караџиќ ја остави 35 години помладата девојка, бидејќи сакала брак - и си фати нова, атрактивна... Тој важи за вечен ерген и повторно има нова девојка млада убавица. Со бившата бе...
Девојка му нацрта патики на Јаков Јозиновиќ и го трогна со потегот - таа со солзи откако виде како и... „Ова го нацрта ти? Не е ChatGPT?“ - вели Јаков воодушевен од потегот на девојка ...
Се огласи Ѓоле Џогани по вестите за развод со Весна + Каков имот поседува парот? По веста дека Ѓоле се иселил од семејниот стан во кој останала Весна со децата, ...
Игор Којиќ првпат објави фотка со новата девојка - Се вљуби во 27-годишна мисица, по двата разводи Николина е двојно помлада од поранешната сопруга на Игор, Северина, која оваа го...
Бресквица има нов дечко, откако раскина со бившиот по 5 години врска и гласините за афера со Лука До... Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше опседнат со неа, но и покрај гласините за...

Најчитани неделава