Милош Биковиќ откри од каков тип девојки бега: „Во Русија девојките се агресивни кога ми се додворуваат“

„Мажите во Русија ретко имаат потреба да пријдат на некоја девојка. Девојките се мошне агресивни и се натпреваруваат во освојувањето. Има домаќинки, но ги има и силиконските што чекаат партнерот да им отвори бизнис“ – вели српскиот актер Милош Биковиќ и открива кој е типот на жени во Русија од кои го советувале да бега.

milosh-bikovikj-otkri-od-kakov-tip-devojki-bega-vo-rusija-devojkite-se-agresivni-koga-mi-se-dodvoruvaat-01.jpg

Српскиот актер Милош Биковиќ (33) во последните неколку години живее на релација Белград – Москва.

Тој во минатото бил поврзуван со повеќе српски убавици, но и со повеќе девојки од Москва, а во емисијата Balkan Info, говореше за сопствените искуства и направи една споредба помеѓу жените во Србија и Русија.

Како што вели, кога почнал да работи во Русија, веднаш добил предупредување.

„Ако запознаеш некоја девојка, мошне брзо доаѓате до разговор таа да дојде кај тебе дома и да ти зготви нешто. Се запознавате, нешто сте разговарале и по пет минути веќе следи: Ако сакаш, знаеш…

А, мене ми кажаа: ’Внимавај, ако ти дојде дома, веќе нема никогаш да ја избркаш‘. Секако тоа не важи за сите девојки“ – вели Милош.

View this post on Instagram

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

На прашањето дали е точно дека во Русија има многу повеќе жени од мажи, Биковиќ појасни дека тоа е точно и дека мажите се пасивни затоа што се во малцинство, додека жените се мошне поагресивни и се натпреваруваат во освојувањето.

„Жените во Русија се натпреваруваат и кај нив мажот ретко има потреба да пријде на некоја девојка. Пасивни се затоа што се малцинство, а девојките се мошне агресивни во освојувањето“ – открива српскиот актер.

Според него жените во Русија може да се поделат во три групи. Секоја од нив следи различни вредности.

„Јас забележав неколку елементи. Го имаме тој елемент кога има една жена што во Европа би изгледала како нееманципирана жена. Жената што се држи до домот, можеби работи некоја работа, но во главно е домаќинка. И таков е, мислам, главниот корпус на женската популација.

Потоа имате еден друг дел, а тоа се оние силиконските девојки. Весели девојки што ловат мажи во клубовите, рестораните и бараат да се закачат. И тие се домаќинки, само што кариерата ја градат врз основа на надворешниот изглед и бараат потоа тој да им отвори некој ресторан, некој бизнис или да ги издржува.

Првата категорија е врзана за традиционалните вредности, втората е врзана за Инстаграм вредности.

Има и трета категорија – тоа се самостојните жени. Тоа се жени што работат, заземаат високи функции, доста заработуваат и немаат перцепција дека бараат маж, туку бараат партнер и некој вид рамноправност“ – појаснува тој.

Инаку, Милош Биковиќ на премиерата на филмот Južni vetar 2 – Ubrzanje се појави со младата правничка Ивана Малиќ, со која фановите шпекулираат дека српскиот актер наводно почнал да се гледа уште во август годинава.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милош Биковиќ наскоро ќе стане татко, девојката Ивана е бремена со нивното прво дете Еден од најпопуларните српски актери, Милош Биковиќ, и неговата девојка Ивана Ма...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Видео кое го згрози регионот: Босанскиот рапер Буба Корели ја влече девојката за коса на улица + сит... „Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на настапите на Буба К...
Партнерката на Милош Биковиќ објави фотка како го дои синот, актерот се жали дека деновиве сѐ се све... „Засега сѐ се сведува на плач. Плаче бебето, но плачам и јас“ – изјави Милош Бик...
Во само 40 дена се разведе и се прежени, а на 48 години првпат стана татко - Актерот Милош Тимотијев... Српскиот актер Милош Тимотијевиќ за првпат стана татко на 48 години. Тој доби си...
Војаж ја покажа новата девојка: „Таа живее во Норвешка, кога се запознавме немаше поим кој сум“ „Конечно можам да разговарам со некој како Михајло и кога и да сум со неа се чув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg