Турската актерка позната како Шехерезад објави потресни фотки: „Се породував 11 часа, имаше компликации“

„Се породував 11 часа, папочната врвка беше замотана околу вратот на бебето, а тоа беше свртено обратно“ – накратко го опиша искуството со третото породување турската актерка Бергузар Корел.

turskata-akterka-poznata-kako-sheherezad-so-potresni-fotki-se-poroduvav-11-chasa-imashe-komplikacii-01.jpg

Турската актерка Бергузар Корел (39), кај нас позната по улогата на Шехерезад во турската серија „1001 ноќ“ и нејзиниот сопруг Халит Ергенч (51), познат по улогата на Сулејман Величествениот, станаа родители по третпат на почетокот на месецов (03.11), кога се роди нивната ќерка Лејла.

Бергузар сподели потресни фотографии на социјалните мрежи од породувањето, до кои емотивно го опиша своето искуство:

„Приказната за раѓањето на Лејла беше уникатна од првиот ден до последниот…

Иако од дома излегов со огромни болки, кога влегов во болницата реков: ’Ова девојче ќе го родам во 10 часот наутро‘.

При крајот на 40-тата недела лекарот ми рече: ’Постои причина зошто ова девојче сè уште не се родило, можеби папочната врвка е кратка‘.

Иако поминаа неколку часа и моето тело во целост се подготви за породувањето, нашето девојче сè уште не сакаше да излезе на свет.

По болните 11 часови поминати во болница, Лејла се роди, точно како што реков, во 10 часот наутро, како што рече лекарот, со кратка папочна врвка замотана околу вратот…

Уште една причина поради која нашето девојче не можеше да излезе на свет, иако бевме подготвени со часови, е и тоа што тоа било свртено обратно. Па така, нашето убаво девојче се роди и гледаше кон небото“.

Како што може да се види и од самите фотографии, додека во огромни болки исчекувала да се породи со ќерката, до неа бил и нејзиниот сопруг Халит Ергенч.

Инаку, Бергузар и Халит имаат два сина Али и Хан, а таа за време на целата трета бременост редовно споделуваше фотографии на социјалните мрежи.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од породувањето:

turskata-akterka-poznata-kako-sheherezad-so-potresni-fotki-se-poroduvav-11-chasa-imashe-komplikacii-02.jpg

turskata-akterka-poznata-kako-sheherezad-so-potresni-fotki-se-poroduvav-11-chasa-imashe-komplikacii-03.jpg

turskata-akterka-poznata-kako-sheherezad-so-potresni-fotki-se-poroduvav-11-chasa-imashe-komplikacii-04.jpg

Прочитајте и „Бог знае колку го сакав ова“ – Бергузар и Халит, познати како Шехерезад и Онур, го открија полот на третото дете

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
Роди 4 деца, изгледа совршено – Кој е тајниот напиток за витка линија на Мирка Васиљевиќ? Низ годините повеќепати имаше гласини дека сопругот ја изневерува, последно со т...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава