„Бог знае колку го сакав ова“ – Бергузар и Халит, познати како Шехерезад и Онур, го открија полот на третото дете

Со фотографии од мала прослава со најблиските, Шехерезад, односно Бергузар Корел, откри дека таа и сопругот Халит очекуваат девојче и ги побиваат гласините за нивните проблеми во бракот.

bog-znae-kolku-go-sakav-ova-sheherezad-i-onur-go-otkrija-deka-tretoto-dete-e-devojche-01.jpg

Бергузар Корел и Халит Ергенч, или како што подобро ги знае јавноста – Онур и Шехерезад – го очекуваат нивното трето дете, а деновиве актерката го откри и полот.

Најпознатиот турски пар има две машки деца, Али и Хан, а околу една година по раѓањето на вториот син, ќе станат родители по третпат.

bog-znae-kolku-go-sakav-ova-sheherezad-i-onur-go-otkrija-deka-tretoto-dete-e-devojche-04.jpg

Сега Бергузар го откри и полот на нивното дете. Актерката организирала мала забава со најблиските, а од настанот објави и неколку фотки на Инстаграм. На објавата има и фотографија од торта украсена со фигура на женско бебе.

„Нека имаме големо семејство, здрави и среќни деца. Возбудата од среќата за нашата ќерка нè обзеде сите. Сакав да ја споделам нашата среќа и со вас!“, пишува во описот на објавата.

bog-znae-kolku-go-sakav-ova-sheherezad-i-onur-go-otkrija-deka-tretoto-dete-e-devojche-02.jpg

Актерката додава: „Бог знае колку го сакав ова“.

Шехерезад и Онур стапија во брак по завршувањето на снимањето на популарната турска серија 1001 ноќ, во 2009 година. Една година подоцна го добија синот Али, а во 2020-та го добија синот Хан.

Извесен период се појавија гласини во турски медиуми дека можеби ќе се разделуваат, но тие ги замолкнаа шпекулациите кога најавија дека очекуваат второ дете, па и трето.

bog-znae-kolku-go-sakav-ova-sheherezad-i-onur-go-otkrija-deka-tretoto-dete-e-devojche-03.jpg

Погледнете и Најпопуларниот пар од турските серии – Како изгледаат денес Шехерезад и Онур? (фото)

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...
Љубовниот живот на Брижит Бардо, жената со „сто љубовници“ (и четири сопрузи) Брижит Бардо веројатно немала партнер што не го изневерила и трипати се разведув...
Две забремениле на само 16 години, сите ги изневерувал: Четирите сопруги на Чарли Чаплин Неговата прва сопруга имала само 16 години кога се венчале, а на иста возраст би...

Најчитани неделава