Девојка од Турција завршила факултет, но работи како такси-возач за да му помогне на болниот татко (видео)

„Отсекогаш му се восхитував на татко ми и ја преземав професијата од него, голема чест ми е што можам да му помогнам“ – вели оваа 24-годишна девојка која по завршувањето на факултетот почнала да работи како такси-возач.

devojka-od-turcija-zavrshila-fakultet-no-raboti-kako-taksi-vozach-za-da-mu-pomogne-na-bolniot-tatko-video-01.jpg

Мошне ретко жените се одлучуваат да работат како такси-возачи, а турските медиуми деновиве ја пренесуваат приказната за Дилара Калај (24) од Анталија, Турција, која го завршила универзитетското образование, но се вратила во родната Анталија и го заменила татко ѝ во професијата и почнала да работи како такси-возач.

devojka-od-turcija-zavrshila-fakultet-no-raboti-kako-taksi-vozach-za-da-mu-pomogne-na-bolniot-tatko-video-02.jpg

Дилара појаснува дека завршила факултет за Меѓународна трговска размена, менаџмент и логистика, но откако се вратила во родната Анталија се одлучила да го преземе такси возилото на нејзиниот татко и да го наследи во професијата.

„Студирав на универзитетот во Истанбул. Откако завршив со образованието одлучив да му помогнам на татко ми, кој беше изнемоштен. Од друга страна сакам да се занимавам со козметика, па со парите што ги штедам додека работам овде, во иднина ќе започнам да се занимавам со тоа“ – вели таа.

devojka-od-turcija-zavrshila-fakultet-no-raboti-kako-taksi-vozach-za-da-mu-pomogne-na-bolniot-tatko-video-03.jpg

Оваа девојка работи како такси-возач околу еден месец, но појаснува дека нејзиното семејство на почетокот не ја прифатило добро нејзината одлука, затоа што сметале дека таа професија не е безбедна за неа.

„Отсекогаш му се восхитував на татко ми и ја преземав професијата од него. Сметам дека жените треба да ги има во секоја професија. Како ќерка голема чест ми е што можам да му помогнам на татко ми“ – вели таа.

devojka-od-turcija-zavrshila-fakultet-no-raboti-kako-taksi-vozach-za-da-mu-pomogne-na-bolniot-tatko-video-04.jpg

Сепак, посочува дека поради тоа што е жена, понекогаш мора да ги избира патниците што ќе ги превезува. Понекогаш ѝ се случува да добие и негативни коментари од патниците, а некои од повозрасните жени сакаат да им биде снаа.

devojka-od-turcija-zavrshila-fakultet-no-raboti-kako-taksi-vozach-za-da-mu-pomogne-na-bolniot-tatko-video-05.jpg

За Дилара велат дека е најубавиот такси-возач во Анталија, а таа открива дека секое утро пред да излезе на работа се подготвува околу час и половина.

„Не сакам да се запоставам себеси. Имам стриктна рутина секое утро од маникир до шминка. Сакам да бидам за пример – сакам сите да знаат дека јас сум убава жена и возам такси“ – вели таа.

Погледнете го видеото за Дилара во продолжение:

https://www.youtube.com/watch?v=8nApLhpRR_Q

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Градимир од Србија: „Тешко е да си камионџија, особено на празници, но една случка во Минхен ме трог... „Поздрав до сите колеги камионџии, сакам да споделам нешто убаво, да не биде дек...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава