„Во 2019-та помислував на најлошотo“: Јелена Карлеуша, Ивона Јо - јавните личности со реакции по смртта на српската јутјуберка

„Во 2019 година трпев страшен медиумски линч и кога голи делови од моето тело беа на сите насловни страници со месеци, помислував постојано на најлошото. Од стрес ми опадна косата. На психопатите мора да им се застане на патот. Дневно блокирам по 1.000 профили кои на мене и на моите деца ни посакуваат смрт, зло, болест, а тоа го прават само затоа што сум јавна личност. Тоа не треба да биде нормално...“, гласи дел од моќната објава на Јелена Карлеуша по трагедијата со српската јутјуберка.

vo-2019-ta-razmisluvav-za-samoubistvo-jelena-karleusha-ivona-jo-javnite-lichnosti-so-reakcii-po-smrtta-na-srpskata-influenserka-01.jpg

Вчера (09.12) одекна веста дека младата српска јутјуберка Кика Гуќиќ на само 21 година си го одземала животот поради сајбер-булинг. Реакциите не стивнуваат во целиот регион, па и Македонија.

Веста што нè наежи, нè потресе, нè натера да се запрашаме како влијаеме со нашите токсични зборови врз туѓите животи. Особено кога сме скриени зад електронските екрани и сееме омраза, плукаме по сè и секого и ги омаловажуваме и деградираме луѓето.

И се надевам дека и вие, како и јас, мрдате со главата во форма на негација и со мислата „не, јас не го правам тоа“, но дури и за миг ако се посомневате дека го правите или некогаш сте го направиле тоа, од срце ве молам немојте повторно!

Затоа што Кика е нечија ќерка, сестра, внука, другарка, девојка... За Кика сега се леат солзи. Одземен е еден млад живот уште пред да почне да лета, а многу други животи повеќе нема да бидат исти, никогаш! По Кика ќе остане голема празнина.

Но, по Кика нека остане и една голема поука да внимаваме што куцаме на тастатура, да запомниме дека секој еден негативен збор можеби допира до нечие срце, да не бидеме бесчувствителни хејтери за кои ништо не е свето.

Регионот не стивнува со реакции по смртта на Кика:

Македонската инфлуенсерка Ивона Јо се огласи по трагедијата.

Таа посочи на деструктивната моќ на сајбер-булингот и побара закон со кој јавните личности би се заштитиле од ова.

„Јавна личност не е јавен тоалет. Социјални мрежи се фејк (нереални). Лоши луѓе сме и знам дека оваа ситуација нема да нè освести, а не е прва, но ние сè уште сме лоши, искомплексирани и злобни. И сакам да вриснам од болка, но знам дека ништо нема да се смени...

Затоа ве молам бидете нежни кон себе и кон луѓето околу вас. Гушкајте ги вашите најмили и споделувајте ги вашите чувства“, се дел од пораките на Ивона, која покрај долгиот говор на Инстаграм Стори на својот профил, посвети и песна на прерано починатата Кика.

vo-2019-ta-razmisluvav-za-samoubistvo-jelena-karleusha-ivona-jo-javnite-lichnosti-so-reakcii-po-smrtta-na-srpskata-influenserka-04.jpg

vo-2019-ta-razmisluvav-za-samoubistvo-jelena-karleusha-ivona-jo-javnite-lichnosti-so-reakcii-po-smrtta-na-srpskata-influenserka-03.jpg

vo-2019-ta-razmisluvav-za-samoubistvo-jelena-karleusha-ivona-jo-javnite-lichnosti-so-reakcii-po-smrtta-na-srpskata-influenserka-02.jpg

https://www.instagram.com/p/CXPGnI3LLU1/

На социјалните мрежи со реакција се огласи и Јелена Карлеуша, која вели дека и самата била страшно погодена од сајбер-булинг, особено во 2019-та година.

„По повод страшните вести дека позната домашна јутуберка се самоуби поради сајбер-булинг, а имала само 21 година имам да го изјавам следново:

Прво, на семејството да му изразам најискрено сочувство. Не смеам ниту да ја замислам болката на семејството, мајката, во овој миг...

Второ, јас како личност која со години е на удар и во медиумите и на психопати на социјалните мрежи, го имам правото да кажам дека на СИТЕ ИМ СЕ КРВАВИ РАЦЕТЕ. Сите како општество сме виновни!

Тоа што јас сум силна и што како животно од мала научив да ме навредуваат и напаѓаат, не значи дека секој е силен и не значи дека тоа е нешто на кое треба да се навикнеме како да е нормално.

Не е нормално да те навредуваат илјадници и илјадници малуомици без име и фотографија, на кои никогаш не си им направил никакво зло.

Не е нормално сите садистички да уживаат читајќи и гледајќи го малтретирањето на жртвите. Болно е! Како општество станавме извитоперена група психопати, кои ги забавува туѓото страдање.

Во 2019 година трпев страшен медиумски линч и кога голи делови од моето тело беа на сите насловни страници со месеци, помислував постојано на најлошото. Од стрес ми опадна косата. Но, бев силна поради моите деца и мајка ми и денес сум жива!!!!!

Да имав 20 години како оваа девојка, резултатот веројатно би бил поинаков.

Зар треба да се плашиме за животите на нашите деца? Сега треба сите да реагираме и да бараме закон со кој ќе бидат осудени оние кои малтретираат други преку социјалните мрежи, ќе бидат осудени на казна затвор. Јавно!

На психопатите мора да им се застане на патот. Ако ви кажам дека дневно блокирам по 1.000 профили кои на мене и на моите деца ни посакуваат смрт, зло, болест, а тоа го прават само затоа што сум јавна личност. Тоа не треба да биде нормално. Затоа што мене не ми можат ништо јас сум силна, но младите девојчиња и момчиња не се.

Младите станаа сурови, децата особено. Но силни се и сурови само скриени со лажни профили на социјалните мрежи. Затоа, ако злоставувачот е малолетно лице, родителите кои воспитале такво дете, мора да ги сносат последците и тоа сериозно, па да видиме.

Првиот пат кога некој законски ќе се казни и ќе се научи на памет, сличните на него двапати ќе размислат дали се исплати да бидат сајбер психопати.

На психопатите им е местото во затвор или во установа за лечење на ментални болести. Не смееме да им дозволиме со своето делување да ги убиваат слабите. Барам јасен закон!

vo-2019-ta-razmisluvav-za-samoubistvo-jelena-karleusha-ivona-jo-javnite-lichnosti-so-reakcii-po-smrtta-na-srpskata-influenserka-07.jpg

Повеќе реакции на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Јелена Ѓоковиќ во кул комбинација и накит од 4.000 евра издоминира во Скопје: Се дружеше со Македонц... Јелена Ѓоковиќ во Скопје беше облечена во циклама панталони со висок струк и кош...
Карлеуша направи светски спектакл на концертот во Белград - плачеше поради ќерките, смени 10-тина ау... Српската ѕвезда Јелена Карлеуша одржа концерт во Белград по теркот на светските ...
„Фијаско, ја копираш Гага“: Јелена Карлеуша со спот од 250.000 евра, еротско издание и билборди низ ... По повеќе од една деценија, српската дива Јелена Карлеуша има нов спот и албум. ...
Јелена Розга спектакуларна во Скопје, се расплака на концертот пред македонската публика „Кога за нешто сонувате долго, долго... ова од 2006-та ми беше сон и еве, сега с...
Јелена Карлеуша повторно го прекрши договорот со Душко Тошиќ: „Тој ми е најголема грешка - поважни м... „Душко Тошиќ покажа дека со него сум направила животна грешка“ – изјави Јелена К...
Наташа Беквалац дојде со ќерка ѝ, Милица Павловиќ во секси корсет на бината – Како колегите ѝ дадоа ... Наташа Беквалац, но и голем број млади колеги, како Војаж, Девито и Едита Арадин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg