Јелена Розга е мета на критики откако изјави: „Не ги разбирам убавите девојки кои се 'унаказуваат' со огромни усни“
- Детали
- понеделник, 01 септември 2025
„Не ги разбирам тие девојки кои се навистина преубави, имаат сè совршено, убав нос, убава уста... А се уништуваат со тие големи усни, не изгледа убаво – буквално може да кажам дека се нагрдени“, вели Јелена Розга, која потоа беше нападната дека и самата „пука од ботокс“.

Јелена Розга неодамна отворено ги осуди претераните естетски процедури и операции кои сè почесто се застапени кај помладата популација, особено во Србија, а веќе и кај нас.
фото: depositphotos.com
Таа вели дека ѝ е жал што девојките претеруваат и си прават промени до степен буквално да го „унаказат“ својот изглед.
Јелена Розга вели:
„Не ги разбирам тие девојки кои се навистина преубави, имаат сè совршено, убав нос, убава уста... А се уништуваат со тие големи усни, не изгледа убаво – буквално може да кажам дека се нагрдени.
Немојте девојки, нема потреба.
Вистински сте убави, секоја на свој начин. Не треба да бидете таа некоја девојка која сте ја гледале на Инстаграм“.

Но, нејзината изјава наиде на осуда, па една корисничка Твитер објави видео од оваа изјава на Јелена, а во описот напиша:
„А таа пука од ботокс“.
Во коментарите на видеото мислењата беа поделени, а некои ја бранат Јелена дека таа е вистинска дама која на себе има само умерени естетски корекции и изгледа одлично.
Што мислите вие?
Погледнете го видеото со изјавата на Розга:
С. С. | Црнобело