Јелена Карлеуша објави фотка од Избор за мис кога имала 14 години: „Ми се додворуваше Џеј, сите мислеа дека сум постара“
- Детали
- вторник, 26 август 2025
Јелена Карлеуша детално ги разгледува старите албуми, па по изненадувачката објава на фотографија на својот Фејсбук профил со поранешниот сопруг Душко Тошиќ, откри како изгледала на 14 години.

Јелена Карлеуша во изминатиот период интензивно објавува ретро фотографии од нејзиниот живот, меѓу кои дури и фотографија со поранешниот сопруг Душко Тошиќ и двете ќерки.
Сепак, највпечатлива од објавите е таа од учество на Избор за мис, кога имала само 14 години, а се претставувала како 18. Вели дека сите мислеле дека е постара, а во еден миг дури и се додворувал и српскиот пејач Џеј.

Нејзината објава со оваа ретро фотографија гласи:
„Леле, што ми најде тетка ми. Јас, на 14 години, на избор за Мис Словенска плажа.
Најдете ме на фотографијата...
Ми пријде некој лик на плажа и ме праша дали сакам да учествувам, јас реков СЕКАКО.…
Едвај чекав да заврши прогласувањето затоа што брзав на настапот на Жељко Шашиќ во кафулето „Мајами“, кое беше блиску.
Но, влегов во топ 5! Иако најмлада, бев и највисока.
Лажев дека имам 18 години, бидејќи инаку немаше да ме пуштат да се натпреварувам.
Лажев дури и во кафуле за да ме пуштат.
Таа вечер ми се додворуваше Џеј, сè додека не му кажав дека имам 14 и дека сум ќерка на Дивна. После тоа не ме ни погледна... Ја сакам Црна Гора!“





Фотографии од почетоците на нејзината музичка кариера:

С. С. | Црнобело