Анастасија Ражнатовиќ искрена за периодот кога мајка ѝ беше во притвор: „Боли кога ќе ти удрат по мајката, а ја имаш само неа“

„Кога некој ќе ти удри по мајката, а ја имаш само неа. Сето тоа боли. Тоа само го потиснувате и не може да се заборави и не може да престане да боли“ – Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за периодот кога мајка ѝ Цеца беше во затвор, па во куќен притвор.

anastasija-ja-otvori-dushata-za-periodot-koga-majka-i-beshe-vo-pritvor-boli-koga-kje-ti-udrat-po-majkata-a-ja-imash-samo-nea-01.jpg

Анастасија Ражнатовиќ (23) гостуваше во емисијата Preziveli кај Милан Калиниќ, па ја отвори душата и проговори за нејзиното турбулентно детство кога нејзината мајка, познатата пејачка Цеца Ражнатовиќ, беше судски прогонувана, па одреден период помина во затвор, но и во куќен притвор.

anastasija-ja-otvori-dushata-za-periodot-koga-majka-i-beshe-vo-pritvor-boli-koga-kje-ti-udrat-po-majkata-a-ja-imash-02.jpg

Во оваа прилика, Анастасија повеќе говореше за периодот од 2011-та година кога познатата српска пејачка помина осум месеци во куќен притвор во нејзината дневна соба.

„Се сеќавам на училишните денови, тогаш кога мама беше дома со електронска алка. Имав 12 години и се правев сосема луда. Како ништо да не се случува, а весниците пишуваа само за тоа.

Мама беше на сите насловни страници. Пишуваа што ќе се случува, што нема да се случи. Ќе ни ја одземат куќата, ќе ѝ го одземат старателството…

Имав среќа што во училиштето немаше злонамерни деца што ме прозиваа. Всушност имаше едно девојче...“ – се сеќава Анастасија.

Ќерката на Цеца се присетува како во тој турбулентен период за првпат се степала во училиште, затоа што споменатото девојче ја навредило нејзината мајка.

Порталот Mondo.rs ја пренесува во целост изјавата на младата пејачка:

„Таа кажа нешто за таа електронска алка. Иако бев мирна и сталожена, кога станува збор за семејството, ме обзеде гнев.

Кога некој ќе ти удри по мајката, а ја имаш само неа. Таа ми ја напиша навредата во петокот на Фејсбук, а јас во понеделникот ја најдов во училиште и ја удрив, па се степавме.

Сите беа шокирани затоа што никогаш не бев проблематично дете. Потоа, мошне брзо мама одлучи да нè засолни во Кипар“ – вели таа.

„Сето тоа боли. Тоа само го потиснувате и тоа никогаш не може да пројде, не може да се заборави и не може да престане да боли“ - вели Анастасија присетувајќи се на немилите настани од детството.

Прочитајте и Заработила половина милион евра за 3 години, признава дека го оперирала носот – Факти за Анастасија Ражнатовиќ

Цеца помина три месеци во затворски притвор во 2003-тата година, а потоа во 2011-тата година беше осум месеци во куќен притвор со електронска алка во нејзиниот дом.

Цеца во минатото говореше за настаните, но и за тоа како Анастасија го поднела сето тоа.

„Анастасија го славеше својот петти роденден, а покрај себе немаше ниту татко, ниту мајка, ниту тетка. Тоа засекогаш ќе го помнам, но не е проблемот што јас помнам, туку што и таа го помни.

Тоа е жалосно. Мене не ми е жал за мене, туку за тоа што таа го запомни.

Тоа е дел од нејзиното детство, а таа не беше ниту виновна ниту должна. Фала Богу, израсна во убава и здрава девојка и тоа го сметам за сопствен успех. Најважно е што таа е здрава личност“ – рече Цеца во 2019-тата година.

Инаку, за потсетување во 2003-тата година Цеца Ражнатовиќ беше осудена на затворска казна заедно со нејзината сестра Лидија Оцокољиќ, откако фолк-пејачката призна дека противправно присвоила пари од трансферот на 10 фудбалери на Ф.К. Обилиќ во странски клубови и без дозвола имала 11 пиштоли.

Погледнете ја најавата за гостувањето на Анстасија:

https://www.youtube.com/watch?v=tENvohAgLKs

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години „Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...
Цеца за животот како млада девојка: „Кај маж ми бев принцеза, кај мајка ми морав да готвам и да чист... „На мајка ми ѝ велев, Боже кога ќе се омажам, има слуги да ме служат, само да не...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја... „Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg