Најзгодната спортска новинарка во регионот живее во Хрватска (фото)

Во слободно време тренира кик-бокс и јавање коњи. Хрватската спортска новинарка Валентина Милетиќ важи за една од најзгодните спортски новинарки во регионот, а веќе почнуваат да ја споредуваат со нејзината италијанска колешка Дилета Леота.

najzgodnata-sportska-novinarka-vo-regionot-zhivee-vo-hrvatska-foto-01.jpg

Валентина Милетиќ (28) во моментов работи како спортски новинар, а во минатото била манекенка и во 2011-та година победила на изборот за Мис Далмација. Таа работи како спортски новинар на HNTV, а дополнително и во Народното радио и на каналот Арена Спорт.

„Јас од мали нозе се интересирам за спортот. Кај нас дома секогаш се гледаше фудбал и најнормална работа беше секој викенд татко ми да ме носи со себе на некој натпревар, така што мошне рано ја засакав таа приказна и еуфоријата што го следи спортот.

И денес стојам зад тврдењето дека нема многу работи што може да предизвикаат толку голема емоција кај толку голем број луѓе како што тоа може да го направи спортот и секако посебно е чувството да се работи на спортските терени, затоа што ја имаш моќта тоа искуство да им го пренесеш и на другите“ – изјави таа за Story.hr.

https://www.instagram.com/p/COPugoyHk73/?utm_source=ig_web_copy_link

Со оглед на тоа што се занимава со професија што се смета за „машка“ таа вели дека нејзина цел е да ги сруши стереотипите и да покаже дека и жените може сосема добро да се снајдат во тој свет.

„Светот на спортот можеби е машки, но има и жени што сосема добро пливаат во тие води. Мислам дека од самиот старт треба со својата желба и волја за учење да ги разбиете тие предрасуди и потоа, кога ќе оставите впечаток на личност што не е тука само за добро да изгледа, туку и разбира за што говори, луѓето почнуваат поинаку да ве гледаат и станувате дел од тимот“ – вели таа.

View this post on Instagram

A post shared by Valentina Miletic (@valentina_miletic_)

Валентина во минатото била во врска со двајца познати хрватски спортисти. Прво била во врска со фудбалерот на Ф.К. Хајдук, Марко Ливаја, а потоа и со тенисерот Борна Ќориќ со кого раскинале пред пет години (2016).

Таа вели дека поради работата нема премногу време за приватен живот, но признава дека има голем број додворувачи на социјалните мрежи.

На нејзиниот Инстаграм профил, Валентина објавува голем број фотографии од себеси, а во моментов има над, 21.000 следбеници. На прашањето дали често ѝ се додворуваат мажи на социјалните мрежи и дали се нашла во незгодни ситуации таа вели:

„Тоа е виртуелен свет и има сè и сешто, луѓето таму се малку послободни отколку што би биле ако ме сретнат на улица, но не можам да кажам дека сум имала некои поголеми проблеми. Постои опцијата block што ќе ги реши таквите проблеми, а додворувањата на Инстаграм денес се сведуваат на испраќање пламенчиња или оние вљубени емотикони и тоа мошне ми е смешно“ – вели таа.

Нејзиното атрактивно тело и витката линија се должат на тоа што од многу мала почнала да се занимава со спорт, а особено со кик-бокс.

„Јас долго тренирав кикбокс и имам навика да се занимавам со тој спорт уште од детството, а во последно време тренирам дома затоа што така повеќе ми одговара“ – вели таа и додава дека на секои два дена тренира околу еден час и смета дека тоа ѝ е доволно.

Валентина во слободно време се занимава и со јавање коњи, а признава дека првпат почнала да јава на возраст од пет или шест години.

На следната страна погледнете повеќе нејзини фотографии...



Би можело да ве интересира:

Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед...
Напади од морски желки во Хрватска и траорни сведоштва: „Беше агресивна, главата ѝ беше колку две чо... „Тоа беше средба очи во очи со желка од 50-тина килограми. Според упатените, ста...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Факти за Тарик Филиповиќ – го сака посинокот како свое дете, сопругата му е вистинска убавица „Никогаш во животот не ни помислував дека ќе се вљубам во жена што веќе има дете...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Колешките се „вкочануваат“ кога снимаат секс сцени со него, дава скандалозни изјави – Факти за Вук К... Познат е по скандалозните изјави, откри дека за време на снимањето на секс сцени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg