Здравко Чолиќ, Ацо Пејовиќ: Браво! Српските ѕвезди преку филмот „Тома“ сплотени со една хумана цел

Филмот „Тома“ не само што нè потсети на еден легендарен лик и дело, туку сега со својата магија допира и до животите на другите. Како Србија се сплоти во акцијата „За Лука повторно да создава“?

zdravko-cholikj-aco-pejovikj-srpskite-dzvezdi-kupuvaat-na-licitacija-obleka-od-filmot-toma-za-pomosh-na-bolno-detence-01.jpg

Кога се сака се може, па така периодов српските познати личности се сплотени во мисијата да соберат финансиски средства за помош на еден болен дечко, за помош на младиот Лука.

На продажба се парчиња облека од филмовите на Драган Бјелогрлиќ, а огромен одзив има за парчињата од филмот „Тома“. Во организацијата е вклучен и Жељко Јоксимовиќ.

Одзивот на акцијата е неверојатен.

Здравко Чолиќ веднаш си купи едно од сакоата на Тома, истото го стори и Ацо Пејовиќ, кој всушност и ги изведува песните на Тома Здравковиќ во филмот.

На хуманата мисија се приклучи и Никола Роквиќ кој го купи фустанот на Силвана Арменулиќ, потоа фудбалскиот тренер Драган Стојковиќ Пикси лицитираше за гулабот Радоје (од Монтевидео), како и низа други српски спортисти.

На продажба беа и предмети од „Монтевидео“ и серијата „Сенке над Балканом“.

Хуманитарната акција е со наслов „За Лука повторно да создава“ и средствата се за лекување на писателот, поет и драматург Лука Курјачки.

Младиот драматург и сценарист има малиген тумор на мозокот и потребно е лекување во странство. Тој веќе имал една операција во 2015, па втора во 2018, но за жал туморот се вратил по третпат и спасот се гледа во една иновативна техника во Јапонија.

Браво за акцијата и сплотеноста и браво за познатите личности!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Здравко Чолиќ ѝ прослави 24-ти роденден на ќерката со забава во ресторан - букет рози, чанта од 2.80... Уна Чолиќ пред извесен период конечно го откри идентитетот на 10 години постарио...
Здравко Чолиќ: „Моите ќерки се разгалени, постарата многу сака да се слика, постојано е со телефонот... „Имам две ќерки кои се разгалени. Нормално... Па, и јас би бил разгален да сум н...
110.000€ за Здравко Чолиќ - Колку ќе заработат балканските ѕвезди за дочекот на 2026 година? Иако до дочекот на новата 2026-та година има повеќе од два месеца, многу балканс...
„Имав 40kg, побарав стручна помош“ - Луна Џогани за периодот кога стана љубовница на женет маж (пред... „Многу ослабев, имав анксиозни напади, имав само 40kg… Не можам ни да опишам низ...
Петар Грашо за ќеркичката: „Здравко Чолиќ ни беше на гости и запеа, а таа му рече – доста пееш, глед... „Здравко беше кај нас пред неколку месеци, тоа беше многу слатка ситуација. Се д...
Трагедија го потресе регионот: 5-годишно момче се удави во аква парк во Србија - тренер по пливање г... Децата безгрижно си играле и се капеле во детскиот базен, кога за само еден миг ...

Најчитани неделава