Милан Мариќ за улогата на Тома: „Филмот ми направи пекол од животот, има сцени каде што навистина пеам“

Со оглед на тоа што Милан Мариќ воопшто нема никаква физичка сличност со Тома Здравковиќ тој морал да помине долги процедури на шминка. На Инстаграм тој објави видео во кое се гледа како изгледале подготовките за улогата.

Општо е познато дека песните во филмот „Тома“ се во изведба на Ацо Пејовиќ, но тоа не значи дека Милан воопшто немал прилика да ги покаже сопствените вокални способности.

Во интервју за informer.rs Мариќ појаснува како за потребите на филмот морал да научи и да пее.

„Не го сакам пеењето и никогаш пред овој филм не сум го правел тоа. Малку ми беше страв како ќе се снајдам.

Многу ми помогна Жељко Јоксимовиќ со советите, па така на голем број сцени навистина пеев, воопшто не блефирав.

Подоцна во монтажата беше уфрлен гласот на Ацо Пејовиќ“ – појаснува Мариќ.

milan-marikj-za-ulogata-vo-toma-filmot-mi-napravi-pekol-od-zhivotot-ima-sceni-kade-shto-navistina-peam-06.jpg

Мариќ кој е познат по тоа што во минатото играл улоги на „опасни“ момчиња, од агент на БИА во „Државен службеник“ до криминалец во „Беса“ вели дека во „Тома“ му било мошне тешко да го долови човекот кој е срушен од сопствените емоции и е делумно деструктивен.

Самиот признава дека имало сцени на кои самиот плачел додека ги снимал.

„Имаше многу такви сцени. Не се доживувам себеси како некој крут човек. Другите ме доживуваат така затоа што тоа е мојата маска, а само јас знам како се чувствувам. Затоа воопшто не ми беше чудно што плачев на снимањето“ – вели Мариќ.

milan-marikj-za-ulogata-vo-toma-filmot-mi-napravi-pekol-od-zhivotot-ima-sceni-kade-shto-navistina-peam-05.jpg

Српскиот актер по успехот со „Беса“, „Тома“ и  серијата „Државен службеник“ вели дека планира да земе малку време за одмор, но далеку од тоа дека ќе престане да се занимава со глума.

„Кога ми е тешко во некои мигови и кога ќе се разочарам за нешто често помислувам дека би сакал да одам на пуст остров и никого да не гледам ниту да слушам. Но, тоа брзо ми поминува…

Никогаш не сум посакал да се откажам од глумата. Оваа работа ме исполнува се чувствувам жив и сè додека е така, ќе се занимавам со тоа“ – вели Мариќ.

Прочитајте и Актерите од „Тома“ Милан Мариќ и Тамара Драгичевиќ со моќна изведба на песната Ponoć (видео)

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Милан Калиниќ на ќерката убавица ѝ прослави 18-ти роденден, со бившата сопруга: „Горд сум на потенци... „Ти си мојата најголема радост, гордост и најубава животна приказна“, емотивно н...
Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Лука (16) е сместен во дом со 300 лица со попреченост, цело ... „Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мој...
На Мирослав Илиќ му се доволно 3.000€, Аца Лукас скромен со 1.200€ - Колку троши српската естрада ме... „Живеам сосема нормално, како повеќето луѓе. Имам трошоци, комуналии, храна и су...

Најчитани неделава