Андрија Милошевиќ за компликациите во бременоста на неговата партнерка: „Таа херојски поднесе сè“

„Таа херојски ја поднесува бременоста, мошне е дисциплинирана, а јас сум малку мрзелив“ – вака црногорскиот актер Андрија Милошевиќ коментира за проблемите со коишто неговата партнерка Александра Томиќ се соочила за време на бременоста. 

andrija-miloshevikj-za-komplikaciite-vo-bremenosta-na-negovata-partnerka-taa-herojski-podnese-se-01.jpg

Актерите Андрија Милошевиќ и неговата десет години помлада партнерка Александра Томиќ за околу еден месец треба да го дочекаат нивното прво дете, а во интервју за медиумите говореа за проблемите и компликациите со коишто се соочиле.

Тие гостуваа во ТВ емисија кај Мaрија Килибарда на телевизијата „Прва“ каде Александра откри дека во бременоста добила дијабетес, а Андрија не ја криеше гордоста за сопствената партнерка:

„Таа сè поднесе херојски. Мошне е дисциплинирана. Јас сум мошне мрзелив. Мислам на храната и воопшто на организацијата на животот. Таа води сè, а јас ги извршувам тешките задачи. Оние физичките работи. Донеси, однеси, вози“ – вели Андрија, пренесува Telegraf.rs.

Александра, пак, проговори за тоа како се справува со дијабетесот во бременоста:

„Морам да водам сметка за калориите. Затоа што во бременоста добив дијабетес и се надевам дека е само привремено. Велат дека тоа е честа појава. Не би сакала многу да кревам врева за тоа, но мора многу да се внимава за внесувањето јаглехидрати, малку да се намали.

Морам да водам сметка, за убаво да се чувствувам, затоа што јас носам еден џин. Јас сум мала жена и кога не би водела сметка за храната, веројатно би било дополнително тешко. Второ, по породувањето, морам веднаш да се вратам во театарот“ – вели таа.

Андрија е познат и по тоа што редовно раскажува вицови на својот Инстаграм профил, а Александра речиси секогаш е во заднина и речиси никогаш нема никаква реакција од нејзина страна.

„Јас со неа зборувам за сè. Во суштина сум астронаут и така патувам и потоа сакам со неа сè да поделам. Некогаш знае да се насмее, но во главно тоа се толку глупави вицови на кои се смееме само јас и Оги Јанковиќ“ – вели Андрија.

Инаку, Андрија и Александра се во врска 9 години, а велат дека не планираат брак.

Прочитајте и Андрија Милошевиќ на 43 години првпат ќе стане татко, 9 години е во врска и не планира брак – љубовта на актерот низ фотки

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Животот ни даде сè“ - Александра Пријовиќ објави прва фотка од ќерката - прослава во ресторан, баби... Гордата баба Борка Михајловиќ (мајката на Александра Пријовиќ) носи маица на кој...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Саша Ковачевиќ брутално искрен: „Сум изневерувал и не се гордеам со себе – ние мажите сме чудна сорт... „На почетокот на врската Зорана често ми го проверуваше телефонот, посебно после...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...

Најчитани неделава