Хрватскиот заводник Хаусер го бие „лош глас“ дека е женкар по врската со Розга: „Сѐ уште не дошла вистинската“

„Мојот живот ќе биде авантура до последниот здив. Еден ден ќе дојде вистинската личност што ќе може да го следи мојот ритам“- вели хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер кој во минатото беше свршен со Јелена Розга, а важи за голем заводник.

hrvatskiot-zavodnik-hauser-go-bie-losh-glas-deka-e-zhenkar-po-vrskata-so-rozga-s-ushte-ne-doshla-vistinskata-01.jpg

Познатиот виолончелист Стјепан Хаусер даде обемно интервју за Story.hr каде говореше за распаѓањето на дуото 2 Cellos, за бившите девојки, но и за надежта дека еден ден ќе ја најде вистинската партнерка.

Светски познатото дуо 2 Cellos составено од Стјепан и Лука се распадна, а Стјепан во иднина ќе настапува само под своето уметничко име Хаусер.

Тој раскажува дека со Лука ја започнале заедно приказната кога биле при крајот на студиите во Лондон и како почнувајќи од „ништо“ ја изградија кариерата што вклучуваше голем број концерти, турнеи, но и светска слава.

Стјепан ја открива главната причина заради која тој и Лука решиле да се разминат и секој да тргне по својот пат:

„Јас и Лука се разликуваме по карактерот. Тој води мирен семеен живот со сопругата и трите деца, а јас сум целосна спротивност.

Мојот живот е сличен на најлудиот филм што можеби и еден ден ќе го гледаме. Тотално непредвидлив, полн со авантури, возбудувања и непресушно творештво. Двајцата заклучивме дека е подобро секој од нас да продолжи со по својот пат и со своето темпо“ – вели тој.

Стјепан е познат како голем авантурист и заводник и кога станува збор за романтичните врски. Медиумите пишуваат дека каде и да оди жените едноставно паѓаат на неговиот шарм.

Тој во минатото беше со хрватската пејачка Јелена Розга со која беа и свршени, но во 2017-та година ја прекинаа 2-годишната врска.

Оттогаш го поврзуваат со голем број други познати и непознати девојки.

Прочитајте и „Женкар, секогаш со различна“ – Дали ова е избраничката на хрватскиот заводник Хаусер, со која ужива на Малдиви? (фото)

Во најновото интервју Хаусер говореше и за романтичните врски, но и за бившите љубови. Тој ги помни поранешните љубови заради убавите спомени и искуства, а што се однесува до наоѓањето на вистинската љубов тој вели:

„Луѓето не се бараат, кога ќе дојде време, ќе се појави вистинската личност што ќе може да го следи мојот ритам и начин на живот“.

Хрватскиот музичар открива како во последните две години со избувнувањето на светската пандемија конечно имал прилика малку да здивне и да одмори, но и да работи на авторска музика, а на прашањето како ги замислува пензионерските денови, тој едноставно рече:

„Не ги замислувам, мојот живот ќе биде авантура до последниот здив!“

Во продолжение погледнете повеќе фотографии од Хаусер:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Лука (16) е сместен во дом со 300 лица со попреченост, цело ... „Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мој...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Софија Мило за првиот син на сопругот Лука Јовиќ: „Јас сум му маќеа – не му се дерам, тоа не е моја ... „Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...

Најчитани неделава