Го нарекуваат „милионер под маска“ – Факти за српскиот рапер Девито, кој го крие лицето од јавноста

Го нарекуваат „милионер под маска“, во 2020-та година сними песна со Релја Поповиќ, а самиот коментира дека гласините за неговото богатство се лажни. Кој е Девито, српскиот рапер кој настапува со маска и ги прави најскапите спотови во регионот?

go-narekuvaat-milioner-pod-maska-fakti-za-srpskiot-raper-devito-koj-go-krie-liceto-od-javnosta-01.jpg

Ретко кој знае како тој навистина изгледа, а речиси од самиот почеток на кариерата публиката нетрпеливо очекуваше да го открие неговиот идентитет, додека не го покажа во видео во живо на Инстаграм, но не го повторува тој потег.

go-narekuvaat-milioner-pod-maska-fakti-za-srpskiot-raper-devito-koj-go-krie-liceto-od-javnosta-.jpg

Девито е српски музичар кој го украде вниманието на јавноста затоа што секогаш настапува со фантомка, го крие сопствениот идентитет, а приватниот живот го чува подалеку од очите на јавноста.

Ваквиот негов потег од една страна се покажа како одличен маркетинг трик, затоа што публиката станува љубопитна за тоа кој е човекот што се крие под маската, а од друга му дозволува и понатаму да ја зачува приватноста.

Пред извесно време на социјалните мрежи и во српските медиуми се појави видеоснимка на која се гледа како при еден настап во клуб еден од посетителите го повлече српскиот рапер и се обиде да му ја извади фантомката, но тој брзо се сврте со грбот кон публиката и веднаш го покри лицето.

Погледнете го видеото:

@gabrielaaa2711 Devitu skinuli masku tokom nastupa?#gaudeamus #posusje #devito #devitoanonymo #idj #discoclub ♬ original sound - Gabriela2711

За неговата музика често се коментира дека е полна со вулгарности и дека е несоодветна за младата публика што најчесто и го слуша, но тој самиот вели дека „и во негово време имало приказни дека децата стануваат сè полоши“.

„Сепак сите пораснавме, завршивме училишта, факултети, почнавме да работиме и останавме нормални.

Така што тоа нема никаква врска. Тоа е примитивна приказна затоа што денес децата се понапредни од кога било и така треба да биде“ – вели тој.

Досега во повеќе наврати се шпекулирало за тоа кој е вистинскиот идентитет на музичарот, но сепак се претпоставува дека зад фантомката се крие Давид Љубеновиќ (24) од Крагуевац.

Во продолжение погледнете неколку интересни факти за него:

Девито е роден во 1995-тата година во Крагуевац, каде и пораснал. Тој во една прилика објави фотографија од себеси без фантомка, од детството.

Пред да почне да режира и да снима видеоспотови, Девито се занимавал со фотографија. Прво почнал да снима роденденски и други прослави, а потоа отворил и свое студио за снимање свадби, Wedding solution.

Локалните музичари во Крагуевац го препознале неговиот талент и побарале од него да им снима видеоспотови, по што тој се преселил во Белград и ја отворил продуцентската куќа Da video која соработува со голем број звучни имиња на српската естрада.

Својата музичка кариера Девито ја започнал дури во 2018-та година, а во 2020-та година заедно со Релја Поповиќ ја објавиле песната Offline.

Се смета дека со тоа што настапува со фантомка и го крие сопствениот идентитет, направил добар маркетинг трик затоа што често во медиумите се шпекулира за тоа кој е музичарот и како успеал да ги сними најскапите спотови во регионот.

Поради имиџот што го изгради медиумите го нарекуваат „милионер со маска“. Поради песната „Флекс“ многумина сметаат дека  заработува милиони, а тој на YouTube реагираше со коментар во кој напиша: „Во спотот сè е лажно, исто како мене“.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Чини 5 милиони евра, има 2.000 огледала - Српскиот „бог на веѓите“, кој наплаќа по 600 евра, се пофа... Самонаречениот „бог на веѓите“, Адам Адактар, кој своевремено откри дека за 600 ...
„Во животот мора да настрадаш, да го допреш дното - за да сфатиш што е важно“: Емотивна исповед на Ј... Од 2021-ва таа е разделена со сопругот, а ова вели дека е најболната работа што ...
Жељко Бебек има 4 деца од 3 брака - втората ќерка се крие од јавноста, најмалите деца ги крсти по ро... Жељко Бебек, кој неодамна го прослави 80-тиот роденден е горд татко на 4 деца - ...
Се сврши Кија Коцкар - прстен од 10.500€, го крие партнерот „Сакам цвеќе и букети, па сега на раката имам цвет кој ќе трае малку подолго“, р...
Синот на Лепа Брена пече леб и спрема казан со чварки – Подготовки во луксузниот дом за славење Св. ... Малиот син на Лепа Брена и Бобо, Виктор, секогаш помага во подготовките за куќна...

Најчитани неделава