„Костур, даска, јади нешто“ - Порано ja исмејуваа во Србија, а денес работи за најпрестижните модни брендови (фото)

Марија Жежељ (22) порано беше само девојка од Србија која самоуверено почна да снима видеа на Јутјуб и стекна армија обожаватели кои ѝ се восхитуваа на нејзината убавина, но и такви кои го коментираа нејзиниот слаб изглед - денес таа е светски модел.

kostur-daska-jadi-nesto-porano-ja-ismejuvaa-vo-srbija-a-denes-raboti-za-najprestizni-modni-brendovi-foto-1.jpg

Во меѓувреме се испроба и во музичките води, иако најголемата љубов ѝ беше манекенството. Нејзин сон биле големите шоуа во Милано и Париз, но многумина мислеа дека тоа е преголем залак за неа.

Сепак, убавата и упорна Марија им го докажа спротивното на сите. Слободно може да се каже дека помина долг пат од 2014 година кога за првпат се слушна за неа во јавноста.

Откако живее во Њујорк, Марија работи за големи брендови како Dolce & Gabanna, Emporio Armani, Genny, Elisabetta Franchi и многу други, а подеднакво е активна и во Европа, каде што пред неколку месеци доби многу ангажмани на модната недела во Милано.

Сите овие успеси се само „шлаг на тортата“ ако се земе предвид дека многупати беше исмејувана на социјалните мрежи кога ја откри желбата да се пресели во САД, на што доби коментари „Што мислиш дека ќе правиш таму, кога пазарот е презаситен“ и „Како ќе успееш од толку убави девојки во Америка?“

Кога нејзиниот успех не можеше повеќе да се оспори, интернет „троловите удрија“ по изгледот на Марија, односно почнаа да ја напаѓаат поради слабиот изглед.

„Преслаба“, „Кому му е ова привлечно“, „Костур“, „Даска“, „Јади нешто“. Ја обвинија дека е анорексична и дека им дава лош пример на девојките кои сè уште ја следат.

Сепак, Марија не дозволи негативните коментари да влијаат на нејзината цел и визија.

Всушност, нејзиниот прв голем успех беше во 2016 година, кога беше прогласена за лице на годината во Италија на изборот за убавина The Look of the Year, а со тоа стана интересна личност за многу брендови.

Од најисмејуваната личност во Србија, до светските модни писти - Марија е доказ дека упорноста и самоувереноста секогаш се исплаќаат:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Марија Микиќ по гласините дека е со бившиот на море: „Не сме заедно, му праќам фотки од децата – тоа... „Како измисливте дека сме заедно на море? Јас на својот поранешен сопруг редовно...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Марија Микиќ има нов дечко по разводот - адвокат од Белград, ѝ бил редовен гостин на настапите „Луѓе, како што тој го разбира мојот јавен професионален живот, така и јас го ра...

Најчитани неделава