„Ова е љубов“ - Вирално видео од татко од Сараево со ќеркичката со Даунов синдром ги топи срцата

„Малиот ангел има Даунов синдром, а јас имам мултипла склероза, така ми рекоа. Никогаш не сме се предале, имам причина за да живеам“ – вели овој татко од Сараево кој сподели слатко видео со неговата ќеркичка и ги стопи срцата на многумина.

tatko-od-saraevo-gi-stopi-srcata-na-socijalnite-mrezhi-kjerka-mi-so-daunov-sindrom-e-mojata-prichina-za-zhivot-01.jpg

Еден маж од Сараево кој на Твитер е потпишан како Vanzemoljac Inc деновиве објави слатко видео со кое покажа како неговата ќерка со Даунов синдром секој ден го пречекува од работа и предизвика лавина позитивни коментари.

„Ова е една од причините заради кои дома си одам со насмевка. Секојпат мојата Жаки ми подготвува идентичен дочек... Знаете што? Ваква топлина и радост ретко кој може да пружи. Мислете за нас што сакате, но ние сме едно среќно семејство полно со љубов“ – напиша тој во описот на видеото.

„Ова видео ми го разубави денот“, „Овој човек ми влева толку голема надеж што не можам да ви опишам“, „Јас навистина сметам дека тие се ангели што одат на земјата. Никој нема толку љубов, среќа и позитивна енергија во себеси како нив“ – се вели во дел од коментарите.

Овој човек пред извесен период откри дека боледува од мултипла склероза, а дека љубовта кон ќеркичката е тоа што му дава сила да продолжи напред и да не се предава.

„Ние двајца… Малиот ангел има Даунов синдром, а јас имам мултипла склероза, така ми рекоа. Никогаш не сме се предале, имам причина да живеам. Ви благодарам на сите за поддршката“ – напиша тој.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Мина, девојка од Србија со цистична фиброза едвај преживеа, па пронајде љубов и сега стана мајка: „Ч... „Така болна мајка роди толку здраво дете... И ти стана мојот најголем доказ дека...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...

Најчитани неделава