Српски политичар на 67 години очекува дете со својата 36 години помлада сопруга (фото)

Таа го запросила на неговиот 60-ти роденден, а сега, по 6 години брак, парот го очекува своето прво заедничко дете. Што мислите за паровите со ваква разлика во години?

srpski-politichar-na-67-godini-ochekuva-dete-so-svojata-36-godini-pomlada-sopruga-foto-01.jpg

Српскиот политичар Предраг Марковиќ (67) и неговата 36 години помлада сопруга Весна се во брак од декември 2015 година, а сега го очекуваат своето прво заедничко дете.

Предраг веќе има еден син од претходниот брак, а српската јавност е изненадена од веста за приновата со оглед на неговата возраст.

Во една пригода за својата свадба парот изјави:

„Еден од условите беше да ја избегнеме јавноста и благодарни сме на сите кои ни помогнаа притоа“.

Интересно е што Весна го запросила него на неговиот 60-ти роденден по полноќ.

„Иако очите и насмевката јасно му говореа, тој ми одговори дури наредното утро. А ако ме прашате зошто јас го запросив него, а не тој мене, по природа сум таква и сакам да се борам за тоа што го сакам.

Кога станува збор за Предраг, по нашата прва средба (на која доцнев 40 минути, како и секогаш, а тој џентлменски ме дочека со насмевка) и тоа од обичен разговор се претвори во судбинска средба, знаев дека тој е тој со кого сакам да го делам животот, и во добро, и во зло“, изјави Весна во една пригода.

Таа обожава да истакне дека Предраг е нејзиниот животен сопатник и најголемата поддршка во сите тешки ситуации.

31-годишната Весна на својот Инстаграм профил објави фотографија на која го покажува трудничкиот стомак:

srpski-politichar-na-67-godini-ochekuva-dete-so-svojata-36-godini-pomlada-sopruga-foto-02.jpg

Видеото кое Весна му го посвети на Предраг на нивната 6-та годишнина од брак:

Повеќе фотографии од парот на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Секоја чест“ - Српски пејач позираше со бившата и сегашната сопруга и децата од двата брака „Секоја чест“, „Браво, ова не може секој да го направи“, „Колку е убаво да се ви...
Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...

Најчитани неделава