Роко е препознатлив келнер од сплитското крајбрежје, Горан исклучителен бизнисмен – Што знаеме за сините натпреварувачи на Survivor?

Горан е еден од најзгодните натпреварувачи, но истовремено е исклучителен бизнисмен, Виктор го напуштил градскиот живот и се преселил на планина, Роко е препознатлив како келнерот од сплитското крајбрежје, а Ника планира да отвори градинка. Што знаеме за сините натпреварувачи на српско-хрватското шоу Survivor 2022?

Roko-e-prepoznatliviot-kelner-od-splitskoto-krajbrezhje-Goran-iskluchitelen-biznismen-shto-znaeme-za-sinite-natprevaruvachi-na-Survivor 01 630x330.jpg

Survivor е српско-хрватска приказна полна со адреналин во која снаодливоста, вештините за преживување во природата и успешното надминување на менталните и физичките предизвици се клучни фактори за успех.

Како што веќе знаеме, натпреварувачите се поделени на два тима: „Црвени“ и „Сини“. За нив важат истите услови и правила, како и тензичните предизвици и приспособувањето на натпреварувачите на немилосрдните околности на островот.

Прочитајте и: Милица Дабовиќ: „Секојдневно ме 'убиваше' од тепање и ми крадеше пари - факти за „Црвените“ натпреварувачи на Survivor 2022

Овојпат го разгледуваме хрватскиот, односно тимот на „Сините“, но имајте предвид дека натпреварувачите се менуваат како што еден по еден излегуваат од игра. 

Во продолжение за вас издвојуваме повеќе факти за натпреварувачите од „Синиот“ тим:

Горан Шпалета (35)

Покрај тоа што е еден од најзгодните натпреварувачи, Горан е магистер по кинезиологија, фитнес тренер и предавач. 

Роден е во Задар, но живее во Загреб. Откако завршил факултет и магистрирал по кинезиологија, основал компанија која се занимава со коучинг ментори и индивидуални тренинзи и моментално има над 50 тренери во 12 фитнес центри.

Работи на консултации, работилници и предавања за здрав живот, а најновиот проект во кој учествува се занимава со подготовка и доставување на балансирани оброци на работното место.

Покрај успешното водење на сопствените проекти, Горан е лидер и предавач во Спортската школа, каде што менторирал и едуцирал над 100 тренери, а повеќе од 20 години активно се занимава со веслање и учествува на бројни државни и меѓународни натпревари.

Ника Ракиќ (26)

Ника Ракиќ е студент на Кинезиолошкиот факултет, а исто така работи и како приватен и групен тренер. Потекнува од гратчето Керестинец, а себеси се опишува како позитивна, насмеана и енергична личност.

„Јас сум авантуристички тип на личност, па така никој од моите не беше изненаден затоа што се пријавив во Survivor. За пет години се гледам како успешен фитнес тренер, кој води сопствен бизнис. Планирам да отворам и градинка со другарка затоа што ги обожавам децата“ – вели Ракиќ.

За нејзин најголем квалитет Ника ја истакнува истрајноста, бидејќи не се откажува и кога ѝ е најтешко и е добар мотиватор за другите, а смета дека од сите предизвици што ја очекуваат во Survivor, најголем ќе биде да ја надмине гладта.

Виктор Бобиќ (34)

Виктор е роден во Загреб, работи во теретана, а своето слободно време сака да го поминува на планинарење со девојката и неговото куче.

Себеси се опишува како отворена личност со авантуристички дух кој сака да престојува во природа, а доказ за тоа е фактот што го напуштил градскиот живот и се преселил во прекрасна планинска куќа која се наоѓа надвор од градската врева.

Виктор истакнува дека неговиот посебен талент е способноста да направи нешто од ништо, а како најголеми квалитети би ги издвоил истрајноста, издржливоста и храброста, кои сигурно ќе му бидат од голема корист за време на престојот на островот.

„Постам 36 часа и одам во Сљеме да пешачам 15 километри“ - вели Виктор, кој себеси за пет години се гледа како духовно суштество кое живее длабоко во шумата.

Тена Томљановиќ (22)

Тена е студентката по пејзажна архитектура која тренирала одбојка и танц, а посебен талент ѝ се плетењето и изработувањето на облека.

Во слободно време таа ужива во читањето, цртањето, танцувањето и излегувањето со пријателите, а себеси се опишува како импулсивна личност која сака да пробува нови работи.

„Дефинитивно сум авантуристички тип на личност, но концептот на ова шоу можеби е малку надвор од мојата комфорна зона, но дефинитивно е возбудлив. Важно е да не вршите притисок врз себе“ - вели Тена.

Уште 5 учесници на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја... „Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, ...
Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловил... Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а с...
Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Лука (16) е сместен во дом со 300 лица со попреченост, цело ... „Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мој...

Најчитани неделава