Непрепознатлива пред естетските корекции, врска со политичар – Факти за Ивана од српската група Hurricane

Како изгледала Ивана Николиќ пред да направи естетски корекции на носот? Неодамна испливаа фотографии на кои се гледа драстичната промена на лицето на пејачката. Таа сама призна дека размислува за брак и за деца, а се шпекулира дека е во врска со политичар.

ispliva-nejzina-fotka-pred-estetskite-korekcii-velat-deka-e-vo-vrska-so-politichar-fakti-za-ivana-od-hurricane-01.jpg

Ивана Николиќ од српското трио Hurricane неодамна го прослави 27-иот роденден, а на Инстаграм сподели низа фотографии од забавата што се одржа во еден белградски локал каде беа собрани поголем број нејзини пријатели и колеги.

https://www.instagram.com/p/CcnbyfEtaGM/?utm_source=ig_web_copy_link

Важи за вистинска „бомба“ на српската естрада, а отворено признава дека правела естетски корекции на лицето и на градите.

Според фотографијата што неодамна исплива во српските медиуми може да се види дека Ивана направила драстични корекции на носот, за кои таа вели дека биле направени заради девијации.

https://www.instagram.com/p/CcKtc97M6zr/?utm_source=ig_web_copy_link

Пред да почне да се занимава со пеење и пред да стане дел од триото Hurricane заедно со Сања Вучиќ и Ксенија Књежевиќ, Ивана се занимавала со танц и со моделство.

Таа повеќепати била прогласена за државен првак во танц, а во 2017-та година се појавила во спотот „Mlada I luda“ на босанскиот рапер и продуцент Џала Брат.

Во последните неколку години е актуелна како членка на групата Hurricane, со која минатата година учествуваше и на Евровизија 2021, а постојано привлекува внимание во медиумите и заради приватниот живот.

Таа ретко говори за сопствениот приватен живот, но во една прилика откри како би сакала да изгледа нејзината свадба и што мисли за мајчинството.

„Расмислував за свадбата кога бев помлада. Но, откако се посветив на кариерата, сѐ помалку мислам на тоа. Сакам деца и брак, заеднички живот, емотивно да се вложам во односот со партнерот. Веројатно наскоро ќе почнам да размислувам за тоа, не заради партнерот, туку заради моите години.

Сакам да имам голема венчавка со голем број гости, многу колеги и музичари. Би сакала еден ден да се остварам и како мајка.

Секој што ме познава знае дека кога ќе видам дете на улица морам да застанам, да се насмевнам и да прокоментирам нешто“ – вели таа во изјава за српските медиуми.

Иако отворено раскажа каква свадба би сакала, како и другите членки на Hurricane, таа речиси воопшто и да не говори за тоа со кого е во интимна врска.

Српските медиуми во последниот период шпекулираат дека Ивана е во врска со политичарот Андреј Бајец и дека со него очекува бебе.

neprepoznatliva-pred-estetskite-korekcii-vrska-so-politichar-fakti-za-ivana-od-srpskata-grupa-hurricane-02.jpgФото: Андреј Бајец - Фејсбук

Таа веднаш ги отфрли пишувањата дека е бремена, но не прокоментира ништо во однос на тоа дали е во врска со политичарот. 

Бајец има еден претходен брак од кој има и еден син, а наводно по негово барање врската со Ивана се чува во најголема тајност.

Ивана важи за една од најатрактивните русокоси на српската естрада.

Погледнете повеќе нејзини фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ивана Кораб, една од најубавите Србинки, симна 22kg само 3 месеци по породувањето: „Имам уште сало и... Една од најубавите Србинки, Ивана Кораб, објави видео од плажа во бикини, и пока...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
Иван Босиљчиќ сакаше со неа да ја замени Јелена Томашевиќ – Како изгледа денес балерината со која то... Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ две години не беа заедно, а во тој период тој б...
Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед...
Девојката на Бака Прасе неодолива на заедничкиот одмор во Будва, по критиките дека никогаш не патува... Бака Прасе и Ања Бла за првпат заедно отидоа на одмор годинава, но Ања откако се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg