Хрватската дива Maja Шупут, откако стана мајка за првпат на 41 година, ужива во семејната идила со сопругот и синот (фото)

„Размислував што би било да имав сопруг на кој му е тешко да се грижи за своето дете...“, вели хрватската дива Маја Шупут, која ужива во семејната идила, откако се изрелаизира во улогата на мајка на 41 година. Има помлад сопруг бизнисмен и преслатко синче...

prekrasnoto-semejstvo-na-maja-shuput-stana-majka-za-prvpat-na-41-godina-izgleda-kako-svetska-diva-foto-01.jpg

Маја Шупут (42) е позната хрватска пејачка која за првпат се реализираше во улогата на мајка на 41 година, а периодов блеска во улогата на водителка на хрватската верзија на шоуто „Танц со ѕвездите“.

Таа е во брак со неколку години помладиот бизнисмен Ненад Татаринов (38) со кого стапи во брак во 2019 година.

Нивниот син Блум е круна на нивната љубов и Маја постојано објавува прекрасни семејни фотографии.

Неодамна таа за својот син изјави:

„Тој е весело дете, кое никогаш не плаче. Само сака да си игра и постојано се смее. Многу е енергичен и ги сака сите луѓе. Капењето му е омилен ритуал и на мајка му е – сака да патува и да престојува во хотел. Таму најубаво спие, не можете ни да замислите. Исто така обожава храна.

Иако мислев дека знам што е љубов сфатив дека не сум знаела додека не го родив Блум. Таа количина на љубов и грижа не може да се мери со ништо. Никогаш повеќе никого нема да сакам така.“

За својот сопруг вели:

„За Ненад сега многу поважно ми е каков татко е, отколку каков сопруг е. А прекрасен татко е! Благодарна сум што е нормален човек, кој прифати да биде сам со Блум додека јас настапувам или водам програма за време на викендите. Имаат разни активности заедно. Размислував што би било да имав сопруг на кој му е тешко да се грижи за своето дете...“

Maja сега е актуелна како водителка на хрватската верзија на шоуто „Танц со ѕвездите“, каде изгледа беспрекорно на секое појавување.

Семејни фотографии од Маја Шупут:

На следната страна најдобрите модни изданија на Маја Шупут, со кои наликува на светска дива...



Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Основачот на EXIT емотивен за годишнината од смртта на сопругата, со која доби 3 деца: „Постојано е ... „Кога ме прашуваат како сум, кажувам дека со три мали деца, немам друга опција о...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Лука (16) е сместен во дом со 300 лица со попреченост, цело ... „Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мој...

Најчитани неделава