Мислам дека знам зошто Констракта ми оди на нерви

Затоа што очекував дека ова ќе биде уште една година каде што ќе можам да раскажувам колку Еврвизија е без врска и колку ми е мило што не сум изгубила неколку часови од животот на тоа.

Но, ете, се зезнав...

mislam-deka-znam-zoshto-konstrakta-mi-odi-na-nervi-03.jpg

Драга Констракта, направи песна која навистина влегува во глава. И не, не онака кога ќе ја преслушаш, па потоа ти се причинува во мозокот, туку онаква песна која откако ќе ја преслушаш во главата ти станува уште погласна.

Па уште има и стихови на латински, па реченцата „Во здраво тело, здрав дух“. И сега јас тоа си го пеам со денови и размислувам за тоа.

Ах, бре жено, таман се навикнав на работа од 9 до 17, живот куќа – дома, со мала прошетка на кучето и на тралалајка песни кои ништо не значат, ти потполно ме исфрли од колосек.

Не ме тераш ниту по секоја твоја објавена фотографија со часови да размислувам дали да ги напумпам усните или да си направам мачкести очи, туку ме тераш да размислувам колку овошје сум јадела тој ден, колку чекори поминав и колку „моменти за себе“ имав.

Не ми дозволуваш да се плеткам во плиткото, туку ме тераш да нуркам во длабочината на својата свест и несвест, и да мислам како направи револуција на музичката сцена во Србија (затоа што да, песната за Евровизија сепак го прави тоа).

Ме потсети дека постојат низа прекрасни работи кога малку ќе нурнеме под површината и ќе си дозволиме себеси да почувствуваме и да размислуваме за малку повеќе од нашиот Инстаграм профил кој така внимателно го уредуваме.

Таман кога се помирив да засекогаш прифатам да бидам површна и само да зборувам колку е лошо сè.

Ти ме негираше и ми докажа дека не е.

И ти благодарам на тоа!“

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Поранешната претседателка на Хрватска се преполови - Колинда Грабар (55) ослабе 30kg и изгледа подоб... Во текот на диетата се забранети рафинирани шеќери и полуготови производи, а се ...
Марија Шерифовиќ објави песна посветена на синот Марио: „Ја пишував додека сонував за него“ Само неколку дена откако стана мајка, Марија Шерифовиќ ја објави првата песна шт...
Татко му го напуштил кога бил мал, сопругата ја зел „бегалка“ – Факти за животот на Дино Мерлин Кога имал само 17 години се вљубил во сопругата со која е во среќен брак до дене...
Напади од морски желки во Хрватска и траорни сведоштва: „Беше агресивна, главата ѝ беше колку две чо... „Тоа беше средба очи во очи со желка од 50-тина килограми. Според упатените, ста...
Констракта: „Неверојатно е што сѐ уште има луѓе кои сметаат дека феминизмот е насочен против мажите“ „Феминистичките заложби се за доброто на сите“ – српската пејачка Ана Ѓуриќ Конс...
Баба од Босна го растажи Балканот: „Имам синови и внуци, но никогаш не ме посетуваат“ „Синовите не ми доаѓаат често, за нив дознавам преку луѓето. Имам и три внуци. Н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg