2 години биле разделени, но љубовта меѓу нив била посилна од сѐ – Љубовната приказна на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ
Додека биле разделени, српските медиуми го поврзувале актерот со тогашната министерка во српската влада Милица Вучковиќ, потоа со актерката Ивана Кнежевиќ, а се шпекулирало и дека се смирил со поранешната девојка Тамара Благојевиќ.
Сепак, во 2011-та година се појавија вестите дека тој и Јелена се смириле на 21-ви јуни додека биле во Лондон. Како што велат, ниту најблиските овојпат не знаеле дека се смириле и дека се вериле во тајност.
Иван во една прилика откри дека тој не требало раката на Јелена да ја побара од нејзините родители, туку од малата внука од нејзиниот брат која тогаш имала само 2 години.
„Таа беше главен чувар на својата тетка. Кога дојдов да ја барам раката на Јелена, не ја барав од нејзините мајка и татко, туку од малата Ѓурѓа, која беше сериозен играч“ – откри Иван.
Тие се венчале само два месеци подоцна во август 2011-та година во црквата Света Тројца во Горни Милановац. Со оглед на тоа што актерот е од Ужице, а пејачката од Неготин, одлучиле да се венчаат точно на половина пат.
Во 2012-та година, парот ја доби ќерката Нина, а тие не кријат дека посакуваат да добијат уште едно дете.
Во моментов, Иван честопати патува во Русија, каде работи често, а тој и Јелена најчесто патуваат заедно, затоа што сметаат дека разделбата може сериозно да му наштети на нивниот брак.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“
„Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ...
Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре...
Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј...
„Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре...
„Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и...
„Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...