Суицидни мисли, важи за најплатената пејачка во Албанија – Која е атрактивната Луана Вјолца? (фото)

Не се срами по лош ден да го покаже сопственото насолзено лице со размачкана шминка, откри дека на раката има тетоважа што обично ја ставаат луѓето што во еден миг размислувале да посегнат по сопствениот живот – Што знаеме за атрактивната Луана Вјолца од Албанија?

imala-traumi-od-samoubistvo-vazhi-za-najplatenata-pejachka-vo-albanija-koja-e-atraktivnata-luana-vjolca-foto-01.jpg

Луана Вјолца е ТВ водителка и пејачка од Албанија, која важи за една од најсексапилните личности на албанската естрада, но и една од најгласните феминистки што отворено се бори за бори за правата на жената.

Во правец на тоа оди и нејзината најнова песна Isha, во која на крајот на видео спотот ги цитира стиховите на Вилијам Шекспир и ги повикува мажите да клекнат на коленици пред жените.

Неколку интересни факти за атрактивната албанска пејачка:

За Луана Вјолца се вели дека е јавна личност која долго време беше меѓу најплатените пејачки во Албанија, а освен од концерти и работа во телевизија, заработува од објави на Инстаграм и рекламирање производи.

Родена е во Тирана на 2-ри септември 1991-ва година и во моментов има 30 години, а со музика почнала да се занимава додека била многу мала. Заедно со сестра ѝ Марина, настапиле на фестивал за деца, кога Луана имала само 9 години. Како дете две години одела на часови по соло пеење, а учела да свири гитара и виолина.

Сепак, во поглед на образованието, атрактивната Албанка одлучила да избере професија што ќе ѝ донесе повеќе пари, па така таа денес е дипломиран магистер по економија, а магистратурата ја добила во 2014-та година.

Кариерата како јавна личност ја започнала како ТВ водителка и метео-девојка, за потоа да се врати на музиката, а благодарение на атрактивниот изглед и добрите песни, нејзините видео-спотови секогаш го привлекуваат вниманието кај публиката.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...

Најчитани неделава