„По повредата се срамев од телото“ - Србинка во инвалидска количка испраќа моќна порака со фотка во бикини на плажа во Бугарија

Го замолила татко ѝ да ја пренесе со автомобилот, но за жал, татко ѝ дошол по неа од кафеана под дејство на алкохол и изгубил контрола над автомобилот. Се удриле во заштитна ограда, излетале од патот и завршиле во канал, а Милица по оваа незгода останала во инвалидска количка. Таа не може да оди, но собра храброст за првпат да објави фотографија во бикини со моќен апел: „Немој да заборавиш дека твоето тело не треба да биде нешто од кое се срамиш и е сосема во ред да биде облечено или соблечено толку колку што ти сакаш.“

po-povredata-se-sramev-od-teloto-srbinkata-koja-vo-kolichka-go-krstosuva-svetot-vo-bikini-na-plazha-vo-bugarija-isprakja-mokjna-poraka-01.jpg

Милица Кнежевиќ од Зрењанин е студентка која пред повеќе од една деценија доживеала сообраќајна незгода која комплетно ѝ го променила животот.

Тој ден планирала да отиде во едно село покрај нејзиниот роден град за да го поддржи момчето на спортски натпревар и го замолила татко ѝ да ја пренесе.

За жал, татко ѝ дошол по неа од кафеана под дејство на алкохол и по само 10-минутно возење изгубил контрола над автомобилот.

Се удриле во заштитна ограда, излетале од патот и завршиле во канал. За среќа, двајцата преживеале, но за жал Милица по оваа незгода останала во инвалидска количка затоа што никогаш повеќе не можела да оди.

Само две седмици пред незгодата, таа со својот одбојкарски тим освоила прво место. Одбојката ѝ била прва љубов, но оттогаш ѝ останале само убавите спомени.

Сепак, Милица храбро се издигнала од ова незгода и одлучила дека животот не ѝ сопира тука, туку дека ѝ започнува една нова етапа.

Таа патува постојано, нејзините пријатели ѝ помагаат да стигне и до потешко пристапни места, а за годинава си дала задача да посети најмалку 10 земји.

po-povredata-se-sramev-od-teloto-srbinkata-koja-vo-kolichka-go-krstosuva-svetot-vo-bikini-na-plazha-vo-bugarija-isprakja-mokjna-poraka-02.jpg

Периодов таа е на летен одмор во Бугарија, а оттаму објави фотографија од плажа во зелено бикини во чиј опис има емотивна исповед колку ѝ било тешко да покаже и да прифати како изгледа во бикини, но и испраќа моќен апел до сите.

Нејзината објава:

„Со години по повредата се срамев од своето тело и се чувствував како веќе тоа да не е моето тело.

Смислував разни начини како да го сокријам сето тоа што се разликуваше од наметнатите женски идеали за убавина и сè што луѓето најчесто коментираа – моите дланки, раце, нозе, белези, сакав да се вклопам во тоа што е „нормално“.

И ми требаше време да научам дека тоа како изгледам и како функционирам е нешто сосема нормално.

Размислувањето за првото појавување во бикини ми беше еднакво на најстрашниот хорор филм (само во мојата глава). Но, прифаќањето на сите свои различности и несовршености, како и свесноста за тоа дека ниту едно тело не е помалку вредно, па како и да изгледа тоа, е толку ослободувачко.

Не мора да го сакаш секој дел на своето тело, но немој да заборавиш дека твоето тело не треба да биде нешто од кое се срамиш и е сосема во ред да биде облечено или соблечено толку колку што ти сакаш.“

По моќната објава Милица ја прокоментира и Бугарија како дестинација за летен одмор:

„Речиси сите на кои им кажав дека ќе одиме на море во Бугарија реакцијата им беше ‘Зошто таму?’

Јас пред 8/9 години бев во Бугарија на само неколку дена, не се ни капев во море, а поради состојбата во која бев тогаш, не се ни сеќавам многу, па ова сега ми беше како да одам првпат.

Се сместивме во Сончев брег, а за таму се одлучивме поради огромните песочни плажи, големиот избор на сместување и поради тоа што речиси целото место е рамно (соодветно за мојата количка). Минатата година кога бев на море имав сместување на угорнина и навистина не беше добро искуство.

Ме воодушеви огромната плажа со сите песок, на која поради големината немате претстава колку туристи има и никаде нема гужва, секогаш ќе пронајдете слободна лежалка.

И плажата и морето се многу чисти, има многу активности, понуда на храна, места за забава и што и да ви падне на ум. Покрај плажата има шеталиште со должина од 5 километри.“

Повеќе фотографии од Милица на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Ана Николиќ тврди дека Раста ја малтретира: „Ми го украде 4-месечното бебе под смртни закани“ „Господин Стефан Ѓуриќ Раста, многу близок соработник на Вељко Беливук, човек ко...
Моќна порака од хрватски психотерапевт: „Не е важно само жената да биде добра мајка, туку пред сè да... „Не е важно што прави мајката, туку каква е состојбата на нејзиниот нервен систе...
Србинка во инвалидска количка првпат се возеше на скутер на вода со дечкото: „По сите одбивања, ми с... „Поради (не)функционирањето на моето тело, јасно е дека немаше шанси да возам са...
Браво! Детенце од Србија со генетско нарушување го доби најскапиот лек во светот, кој чини 2,5 милио... Лав од Нови Сад има само две години и страда од болеста спинална мускулна атрофи...
Јована и Милан од Србија патуваат низ светот и водат живот како од романтична бајка Досега имаат посетено дел од најубавите места на светот, а во 2019-та одлучиле ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg