Се појави во серијата Friends, со 12 години помладиот дечко важат за најубав пар во Хрватска – Која е Татјана Драговиќ?
- Детали
- недела, 07 август 2022
Наводно откако тенисерот Горан Иванишевиќ ја видел нејзината фотографија во серијата „Friends“ превртел земја за да ја најде. Парот стапил во брак и добиле две деца, а по разводот со него, таа почна врска со 12 години помлад згоден музичар – Која е Татјана Драговиќ?
Татјана Драговиќ (44) важи за една од најубавите хрватски манекенки, која своевремено се појавувала на насловните страници на светски познатите списанија, а заедно со нејзинотo 12 години помладо момче, пејачот Влахо Арбулиќ (32) во моментов важат за еден од најубавите парови во Хрватска.
Татјана со години наназад мами воздишки кај хрватската публика, благодарение на убавиот изглед, но и успешната кариера како модел.
Таа во 90-тите години се појави на насловните страни на магазинот Cosmopolitan, а ја имаше таа чест да се појави и во една епизода од култната серија Friends.
Така во епизодата The One When No One's ready, во кадарот на точно 2.04 минути Чендлер го држи списанието на кое на насловната страна е Татјана Драговиќ.
Токму по ова „појавување“ Татјана му го привлекла вниманието на тогаш познатиот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ (50) кој, според пишувањата во хрватските медиуми, превртел „небо и земја“ за да ја пронајде непознатата загрепчанка со која потоа долги години ќе бидат во врска, а ќе стапат и во брак.
Татјана и Горан заедно ги добиле децата Амбер Марија (19) и Емануел (15), но во 2013-та година парот одлучил да се разведе.
По разводот, Татјана и Горан останале во пријателски односи.
Денес Горан е во брак со радиоводителката Нивес Чановиќ, со која го доби синот Оливер, а Татјана е во врска со познатиот хрватски пејач Влахо Арбулиќ со кого ја доби ќерката Луце.
Татјана е доста активна на Инстаграм каде редовно објавува фотки со нејзиното момче.
Погледнете дел од нивните фотографии на следната страна...
Би можело да ве интересира:





