Гори небото над Сутоморе: Туристите од плажа го снимаат огромниот пожар (видео)
- Детали
- четврток, 11 август 2022
Голем пожар го зафати просторот над Црвена Плажа во местото Чрвањ, помеѓу Бар и Сутоморе во Црна Гора. Непристапниот терен и силниот ветер од променлив правец дополнително го отежнуваат гаснењето на пожарот.

На социјалните мрежи се појавија повеќе видеа и фотографии на кои се гледа дека небото над Црвена Плажа гори, и тоа во непосредна близина на градби, а пожарот предизвика долги колони и застој во сообраќајот.

Сообраќајот на магистралниот пат Бар Сутоморе првично целосно беше во прекин, а потоа се одвиваше само во еден правец.
Железничкиот сообраќај, пак, целосно е во прекин. Голем број туристи што вчера се упатија од Бар кон Сутоморе беа заглавени во колоните.

Според RTCG сите служби за заштита се на терен, а еден пожарникар бил полесно повреден. Освен официјалните служби во гасењето на пожарот се приклучило и локалното население.
Голем дел од населението остана без електрична енергија, а иако огнената стихија стигна и до домовите, црногорските пожарникари успеале огнот да го стават под контрола.
Погледнете повеќе видеа од пожарот и колоните:
https://www.facebook.com/watch/?v=744319933456501
https://www.facebook.com/watch/?v=5934967509852685
https://www.facebook.com/watch/?v=741486353600288
Б. С. Б. | Црнобело