Војин Четковиќ ќе го глуми легендарниот Драган Николиќ во серијата „Тома“ – Здравковиќ и Гага биле другари од кафеана

Легендарниот актер Драган Николиќ и пејачот Тома Здравковиќ биле другари од кафеана, а улогата на актерот во серијата Тома, ќе ја игра Војин Четковиќ, кој во една прилика изјави: „Драган ме испрати во војска, ми даде 100 марки да се напијам нешто“.

vojin-chetkovikj-kje-go-glumi-legendarniot-dragan-nikolikj-vo-serijata-toma-zdravkovikj-i-gaga-bile-drugari-od-kafeana-vojin-go-ispratile-so-100-marki-vo-vojska-01.jpg

Филмот за Тома Здравковиќ направи „бум“ во земјите на поранешна Југославија и за кратко време стекна популарност, а за маестралното дело се зборуваше со денови и месеци по премиерата.

Бурниот живот на пејачот кој живеел од ден за ден, одлично го пренесе на филмското платно Милан Мариќ, а покрај него и останатите актери ги „оживеаја“ ликовите од едно минато време на кое сите се сеќаваат, а помладите генерации имаа прилика преку филмот да ги запознаат.

Уште веднаш беше познато дека освен филмот, се снима и серија, во која ќе бидат прикажани уште многу приказни од животот на фолк пејачот, кои не се дел од филмот, а се очекува премиерно да се емитува оваа есен.

Освен добро познатите ликови и актери кои имавме можност да ги видиме во филмот, во серијата ќе се појават уште неколку, а најмногу внимание привлекуваат Војин Четковиќ, во улога на легендарниот актер Драган Николиќ и Срџан Тодоровиќ, во улога на неговиот татко, Бора Тодоровиќ.

Веста беше позната одамна, а сега Војин сподели интересна фотка со споредба од него и Срџан со ликовите кои ќе ги играат.

Тома и Драган биле другари од кафеана, а како што пренесоа српските медиуми, пејачот сакал да доаѓа во бифето Ателје 212, каде Гага поминувал голем дел од денот и ноќта.

Војин пак, веднаш и без размислување ја прифатил понудата од Драган Бјелогрлиќ и Жељко Јоксимовиќ, а во една прилика, во емисијата „Балканска улица“ раскажа интересна приказна од младоста, која српските медиуми ја пренесоа:

„Директно од снимање отидов во војска. Ме испратија Глоговац и Гага Николиќ. Гага ми даде 100 марки да се напијам нешто. Седнав во авион, влегов во касарната во 9 вечер. Си помислив што ме снајде, ме ставиле да спијам покрај тоалет, а околу мене деца од 17-18 години. Сите беа 10 години помлади од мене, а ме викаа чичко“.

vojin-chetkovikj-kje-go-glumi-legendarniot-dragan-nikolikj-vo-serijata-toma-zdravkovikj-i-gaga-bile-drugari-od-kafeana-vojin-go-ispratile-so-100-marki-vo-vojska-02.jpgВојин и Драган во серијата „Монтевидео“

Прочитајте и Ги разведуваат најмалку еднаш месечно, но и по 13 години тие се сè уште заедно – Војин и Слобода од „Зона Замфирова“ (фото)

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Пејачот Никола Роквиќ (40) некогаш имаше мака со килограмите, денес е во фит и мускулеста форма Тој вели дека 2021 година била најтешката за него, кога татко му се борел и почи...
„Изгубив половина срце“ - Дарко Лазиќ скршен по смртта на брат му (32), кој беше пејач, со прекрасна... „Како да изгубив дел од себе, сè ова многу тешко ми падна. Изгубив половина од с...
Раста, за убавицата со која е 5 години во љубов, по Ана Николиќ: „Долго време ми требаше за да ја на... „Никогаш не ги генерализирав сите жени, иако имав развод и секогаш оставав прост...
Важи за најзгоден српски фраер, зад себе има развод и борба со алкохол - Кој е пејачот Владан Савиќ? Со кореографијата на концерт, каде 7 девојки го расоблекуваат до боксерки, фронт...

Најчитани неделава