Пејачот Никола Роквиќ (40) некогаш имаше мака со килограмите, денес е во фит и мускулеста форма
- Детали
- четврток, 11 септември 2025
Тој вели дека 2021 година била најтешката за него, кога татко му се борел и починал од тешка болест. Немал волја да тренира, а ни да внимава на исхраната, поради што качил речиси 20 килограми... Но, одлучил да стави точка на тоа, а сега на Инстаграм го покажа резултатот.

Пејачот Никола Роквиќ, кој неодамна го прослави својот 40-ти роденден, цел живот водеше битка со вишокот килограми, но во последните години почна навистина да внимава на исхраната и да вежба, а сега резултатите се видливи.
Никола на Инстаграм со своите следбеници сподели фотографија од теретана, каде го покажа мускулестото тело, откако симна повеќе од 20 килограми.
Тој објави фотографија направена по тренинг.

Никола во едно интервју откри како го постигнал својот изглед.
Тој раскажа дека 2021 година била многу тешка за него. Неговиот татко се борел со тешка болест пред да почине, а тој период му бил многу стресен.

Тогаш немал волја да тренира, а ни да внимава на исхраната, поради што качил речиси 20 килограми.

Но, во еден миг се освестил и одлучил дека мора нешто да направи нешто за себе.
„Започнав со кик-бокс, четири пати неделно. Во почетокот ги комбинирав тренинзите со трчање.
Но, поради природата на мојата работа, не тренирав доволно.
Кога сфатив дека немам резултати, започнав редовно да работам со тренер кој ми воведе тренинг за сила и програмата за исхрана“, изјави Никола.


