Имал 10-тина пластични операции и една на пенисот, силиконот од уста го извадил – Најпластичниот Хрват кој сака да биде жив Кен (фото)

Бил меѓу првите во Хрватска кој во 90-ите ставил силикон во усните, а сега го извадил за да не биде како патка, има направено 10-тина пластични операции со кои си го трансформирал изгледот, а најболна вели дека му била онаа на пенисот, но таа не е од естетски причини – Хрватот Невен нема намера да престане со операции, сака да изгледа младо засекогаш.

imal-10-tina-plastichni-operacii-i-edna-na-penisot-silikonot-od-usta-go-izvadil-najplastichniot-hrvat-koj-saka-da-bide-zhiv-ken-foto-01.jpg

Невен Цигановиќ е Хрват кој со години работи на својот изглед со помош на пластични операции, благодарение на што го споредуваат со куклата Кен.

Тој има направено преку десетина операции, но не се плаши од тоа и вели дека никогаш нема да престане од нив за да си го одржи изгледот млад, а целосно си го има променето личниот опис.

„Не ми е страв, двапати ставав силикон во јагодиците за да добијам мажествен изглед. Трансплантирав веѓи, двапати правев блефаропластика, односно подигање на очните капаци, а носот го намалував трипати...“ – изјави Невен за хрватските медиуми.

Ријалити ѕвездата е меѓу првите во Хрватска кој ставил силикон во усните уште во 90-ите години, но по 20 години, минатата година тој го извади силиконот бидејќи не сакал да биде како патка.

Но, како што има изјавено за хрватските медиуми, периодот по операцијата на пенисот му бил најлош, а причината за овој зафат биле несаканите ерекции без сексуална возбуда, кои биле како последица на анестезија за време на една од пластичните операции.

Со својот изглед и контроверзно однесување тој привлекува многу внимание на Инстаграм, и самиот е свесен дека некои го сакаат, а некои не, но не е загрижен за негативните коментари и се грижи само за тоа секогаш да изгледа како да има 35 години.

Низ годините тој постојано си го менува изгледот со корекции, а во продолжение фотки од последниве две години од Невен:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Се огласи Ѓоле Џогани по вестите за развод со Весна + Каков имот поседува парот? По веста дека Ѓоле се иселил од семејниот стан во кој останала Весна со децата, ...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...

Најчитани неделава