Браво! Во Бања Лука е основана полиција за кучиња – потребна ни е и во Македонија

Во соработка со здруженијата за животни, во Бања Лука е основана полиција за кучиња која ќе се грижи и за безбедноста на кучиња, и за безбедноста на граѓаните.

bravo-vo-banja-luka-e-osnovana-policija-za-kuchinja-prva-vo-regionot-01.jpg

Активистите за правата на животните во Македонија, но и во регионот, со години бараат да се основа полиција за животни.

Целта на оваа полиција е да ги штити животните, но и да ги контролира сопствениците, односно да утврдува дали му ја нудат потребната грижа на милениците и дали ги почитуваат правилата како шетање со поводник. 

bravo-vo-banja-luka-e-osnovana-policija-za-kuchinja-prva-vo-regionot-02.jpg

Неодамна во Бања Лука беше основана полиција за кучиња, и тоа прва во регионот.

Полицијата е основана во соработка со тамошните здруженија за заштита на животните, а задачата на полицајците ќе биде да се погрижат за безбедноста и на кучињата, и на луѓето.

Вестите ги сподели и градоначалникот на Бања Лука на Фејсбук:

„Полиција за кучиња – прва во регионот и тоа баш во нашата Бања Лука.

Целта на оваа новост е поголема безбедност за граѓаните, почитување на обврските кои ги имаат сопствениците на кучињата, но и контролирање на условите во кои живеат животните по вдомувањето“.

Се надеваме дека наскоро и кај нас ќе се основа ваква полиција која ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните, но и ќе им го подобри животот на животните.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Лука (16) е сместен во дом со 300 лица со попреченост, цело ... „Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мој...
Му ја кинат кошулата, беше цела естрада: Огњен Амиџиќ направи мекици за ќерката Лола и објави прва ф... Десингерица, во свој бизарен стил, му донесе подарок - косилка за трева, Џани пе...
Душко Тошиќ објави прва фотка со новата помлада девојка – почнале да живеат заедно, јавно се препира... Душко Тошиќ гордо објави прва фотка со својата 10 години помлада девојка, Нора, ...
Ја запознал во автобус, по 30 години брак ја замени со друга - Како изгледа првата сопруга на Бајага... „Ема живееше во Земун и се запознавме во автобус во кој се возевме често двајцат...
Синот на Лепа Брена и Боба ужива на јахта со родителите – се бања со татко му, позира во Позитано со... Виктор, синот на Лепа Брена и Боба, објави фотки од семејниот одмор со родителит...
„Дечкото има магија, каква емоција! Која нова песна на Јаков Јозиновиќ ме освои на прва?“ Кога го слушам него слушам емоција, слушам магија, има некој X фактор во него. М...

Најчитани неделава