Северина уапсена во Загреб откако сестра ѝ ја пријавила за физичко насилство - извори блиски до пејачката тврдат дека лаже

Северина е уапсена во Загреб откако ја нападнала нејзината сестра – извори блиски до пејачката тврдат дека сестрата лаже и дека всушност таа ја нападнала Северина, а потоа самата си нанела повреди, пренесуваат хрватските медиуми.

severina-uapsena-vo-zagreb-otkako-sestra-ja-prijavila-za-fizichko-nasilstvo-izvori-bliski-do-pejachkata-tvrdat-deka-lazhe-01.jpg

Познатата пејачка Северина била уапсена денес, 30-ти август, во Загреб. Според хрватскиот медиум Jutarnji list, пејачката била пријавена за насилство, и тоа од нејзината сестра Маријана.

Наводно, инцидентот се случил во домот на нивната мајка во Сплит, а според пријавата на Маријана, пејачката ја нападнала пред нивната мајка, околу еден часот по полноќ. Маријана тврди дека Северина ја удрила неколкупати.

По инцидентот, Марјана отишла во болница од каде што го пријавила инцидентот во полиција во Сплит.

Оттаму, полицијата почнала потрага по пејачката, пред да ја уапсат во Загреб.

Сепак, Jutarnji list пренесува дека според извор близок до пејачката, пријавата на Маријана била лажна.

Изворот тврди дека Северина била во станот на мајка ѝ кога дошла нејзината сестра и ја нападнала.

Пејачката веднаш си заминала, но Маријана почнала да тропа по вратите на другите станари, но и да се удира за да си нанесе повреди.

Хрватскиот медиум пробал да ги контактира другите станари во зградата на мајката на Северина, кои изјавиле дека слушнале врева, но дека не знаеле ништо.

„Северина секогаш е атракција кога доаѓа кај мајка ѝ, но искрено не видов дека била овде“, изјавила една станарка.

Наводно, ова не е прв инцидент помеѓу Северина и сестра ѝ, но ова е првпат да се вмеша и полиција.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...
Северина објави фотки од синот на црковен обред за примање света потврда – момчето пораснато, мајкат... Синот на Северина, Александар, веќе е големо момче со шармантна насмевка дотеран...
Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен... „Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...

Најчитани неделава