Поважно му е семејството од кариерата, сѐ уште ја чека „вистинската“ девојка – Факти за Нучи, еден од омилените српски музичари

Важи за еден од омилените пејачи помеѓу младата публика, а најголемата слава ја стекна пред 2 години за време на карантинот. Вели дека за љубовниот живот ќе зборува само кога ќе ја најде вистинската девојка – Факти за Нучи.

povazhno-mu-e-semejstvoto-od-karierata-s-ushte-ja-cheka-vistinskata-devojka-fakti-za-nuchi-eden-od-omilenite-srpski-raperi-01.jpg

Игор Паниќ (26), е попознат како Нучи, а важи за еден од омилените музичари кај помладата генерација. Неговата музика е мешавина од трап, рап и електронска музика, а тој самиот вели дека тоа е посебен „Нучи жанр“.

Славата ја стекна за време на почетокот на пандемијата на корона вирусот во 2020-та година, за време на полицискиот час, кога ги напиша неговите најпознати песни, меѓу кои и песната „Bebo“ која му ги отвори сите врати и беше „отскочна штица“ во неговата кариера.

Нучи со музика се занимава уште од 2011-та година, но првата негова песна Hotline тогаш не постигна некој поголем успех. Подоцна со пејачката Кобрица ја објавија песната Sve sa tobom, но и таа песна не постигна особен успех.

По соработката со Кобрица и заедничките сцени во спотот, многумина сметаа дека тие двајца се во врска, што тој веднаш го негираше:

„Јас никогаш не сум рекол дека сум бил во врска со неа. Реков дека не говорам за тие приватни работи и во овој случај кога ме прашувате за тие работи – не сум естрада.“

Во една друга прилика, пак, Нучи рече дека не сака да ги „полни“ таблоидите со својот приватен живот, туку сака многу повеќе да се зборува за неговата музика. Како што рече, во тој момент кога ќе ја најде вистинската и кога ќе знае дека тоа е тоа што ќе трае цел живот, веднаш ќе ги извести сите медиуми. Дотогаш нема потреба некои девојки да се етикетираат како „негови“.

Тој даваше изјави за српски Телеграф па рече дека семејството му е поважно од кариерата, а кога побараа од него да избере помеѓу вистинска љубов или полн куфер пари, тој рече:

„Не гледам зошто љубовта би можела да ве спречи да заработите полн куфер пари, особено ако е вистинска“.

Инаку, Нучи во една прилика рече дека по успешната музичка кариера би сакал да се оствари и како актер, а ќе видиме дополнително дали оваа желба ќе му се оствари.

Погледнете повеќе негови фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мима Караџиќ ја остави 35 години помладата девојка, бидејќи сакала брак - и си фати нова, атрактивна... Тој важи за вечен ерген и повторно има нова девојка млада убавица. Со бившата бе...
Девојка му нацрта патики на Јаков Јозиновиќ и го трогна со потегот - таа со солзи откако виде како и... „Ова го нацрта ти? Не е ChatGPT?“ - вели Јаков воодушевен од потегот на девојка ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Важи за најзгоден српски фраер, зад себе има развод и борба со алкохол - Кој е пејачот Владан Савиќ? Со кореографијата на концерт, каде 7 девојки го расоблекуваат до боксерки, фронт...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...

Најчитани неделава