Српската пејачка Марија Микиќ забремени повторно 1 месец по породувањето: „Не очекував дека ќе биде толку лесно“

„Ова нашето не е нормално, но Бог ти го дава само она што можеш да го издржиш, без разлика дали е убаво или грдо“ – вели пејачката Марија Микиќ и открива дека нејзината ќерка има само 4 месеци, а таа веќе е бремена во 3-иот месец, откако призна дека пред претходната бременост се борела со спонтани абортуси. 

edna-od-najubavite-srpski-pejachki-bremena-po-vtorpat-samo-1-mesec-po-poroduvanjeto-ova-ne-e-normalno-ne-ochekuvavme-deka-kje-zabremenam-lesno-01.jpg

Српската пејачка неодамна говореше отворено за својата борба за потомство, па откри дека пред да остане бремена со ќерката Ѓурѓа која има 4 месеци, имала три спонтани абортуси, а сега објави дека е бремена по вторпат.

Марија Микиќ (30) и нејзиниот вереник Јован Пантиќ повторно ќе станат родители, а по пишувањата во медиумите, таа одлучи да сподели семејна фотографија на која се таа, вереникот, ќерката Ѓурѓа и синот на нејзиниот вереник од претходниот брак.

„Уште еден доказ дека против седмата сила не можете. Сакавме да почекаме уште малку за да ги споделиме најубавите вести, но нѐ изненадивте, па еве и ние да ве изненадиме вас“ – напиша таа до фотографијата.

Тие добија голем број честитки и позитивни коментари на социјалните мрежи, а во изјава за српските медиуми Марија рече дека таа е чудо на медицината.

„Ѓурѓа сега ќе наполни 4 месеци, а јас сум во третиот месец од бременоста, ние сме медицински феномен. Не бев подготвена, не ни размислував за тоа сѐ додека не почнав да ја согледувам ситуацијата и да разговарам со луѓето околу себе. Нема да бидам обична мајка што ќе ја разгалува својата една ќерка, па ќе добие второ дете по неколку години.

Ова нашето не е нормално, но Бог ти го дава само она што можеш да го издржиш, без разлика дали е убаво или грдо“ – вели таа за српски Blic.

Како што вели пејачката, со оглед на тоа што поминале низ многу проблеми за да ја добијат ќерката Ѓурѓа, не очекувале дека второто дете ќе дојде толку лесно, без лекови.

Марија вели дека искрено сакала да почека неколку годни пред да го добие второто дете, но ете, се случило, а потенцира дека со втората бременост се чувствува послободно и ќе продолжи да настапува сѐ додека може да го прави тоа.

Инаку, српската пејачка претходно отворено говореше за својата борба за потомство, па така, во една прилика откри дека заради здравствени проблеми имала три спонтани абортуси пред да остане бремена со ќерката.

Прочитајте и Една од најубавите српски пејачки за борбата за потомство: „Имав 3 спонтани абортуси пред да ја добијам ќерката – сега знам за кого живеам“ (фото)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Гените се чудо: Ќерката на Гоца Тржан порасна во вистинска убавица - ужива на јахта со другарките Откако прослави полнолетство, Лена почна поинтензивно да објавува фотографии на ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Синот на Марија Шерифовиќ завршил во болница на летување: „Зеде залет и скокна, моравме на рендген“ „Во Рисан завршивме на ортопедија, во болница, бидејќи скокаше. Имаше залет и ск...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...

Најчитани неделава